Европарламентот го поддржа кандидатскиот статус на Украина за членство во ЕУ. Жителите на Киев со оптимизам, но и резервираност за европската перспектива на земјата.
-
Свет 23.06.2022 19:42
-
Свет 23.06.2022 14:55
Шолц: ЕУ намени милијарди долари од фондовите за да ѝ помогне на Украина
Европарламентот го поддржа кандидатскиот статус на Украина за членство во ЕУ. Жителите на Киев со оптимизам, но и резервираност за европската перспектива на земјата.
„Важна е кандидатурата. Таа значи заштита и надеж“.
-
Свет 23.06.2022 13:54
Мајмунски сипаници: Експертите на СЗО решаваат за вонредна состојба
СЗО проценува дали епидемијата на мајмунски сипаници треба да се прогласи за вонредна состојба, како што беше случајот со Ковид-19.
Доколку тоа се случи, би можеле да се активираат механизмите за меѓународна соработка насочени кон ограничување на понатамошното ширење на болеста.
-
Свет 23.06.2022 12:46
Битки на истокот во пресрет на одлуката од ЕУ за кандидатскиот статус на Украина
Поддршката на Киев, но и обединетоста на Западот во период на зголемени геополитички тензии и економска криза ќе бидат ставени на тест на три последоветални самити до крајот на идната недела. По дводневниот состанок во Брисел, од недела до вторник во Баварија ќе се одржи самит на Г7.
-
Свет 23.06.2022 10:07
Се урна хеликоптер врз автопат во Западна Вирџинија, шестмина загинаа
Шест лица загинаа откако се урна хеликоптер врз автопат во Западна Вирџинија.
По падот, леталото било опожарено така што властите ја затворија сообраќајната делница во рок од 24 часа.
Хеликоптерот бил од времето на Виетнамската војна и се користел за туристички летови.
-
Свет 23.06.2022 10:03
Талибанците бараат помош по земјотресот кој уби над 1.000 луѓе
Талибанските власти бараат помош од меѓународната заедница по земјотресот кој усмрти над 1000 луѓе.
-
Свет 23.06.2022 09:59
Киев очекува одлука од ЕУ за кандидатскиот статус
Истокот на Украина останува примарно жариште и на прагот на петтиот месец од вооружениот конфликт со Русија. Во Доњецк е оштетен телевизиски центар. Според УНХЦР, Украина досега ја напуштиле осум милиони луѓе.
-
Свет 23.06.2022 09:47
Пожар во Мармарис, се евакуира населението
Се шири пожарот во туристичкото летувалиште Мармарис.
Иако накусо беше локализиран, високите температури повторно го разгорија огнот кој беше пријавен пред два дена кај Амазонскиот Залив. Операциите на противпожарните екипи се отежнати од силниот ветер.
-
Свет 22.06.2022 18:39
Бугарското Собрание изгласа недоверба на Владата на Петков
Владата на Бугарија, предводена од премиерот Кирил Петков падна. Бугарските пратеници штотуку ѝ изгласаа недоверба.
Предлогот да се изгласа недоверба го поддржаа 123 пратеници во 240-члениот парламент.
-
Свет 22.06.2022 15:12
САД: Нацрт закон за ограничување на пристапот до огнено оружје
Американски сенатори од двете партии претставија нацрт закон за ограничување на пристапот до огнено оружје.
Првото процедурално гласање за пакетот треба да биде вечер.










