Стотици луѓе се евакуирани поради ширењето на шумскиот пожар во американската сојузна држава Калифорнија.
-
Свет 30.06.2022 10:12
-
Свет 30.06.2022 10:01
Филипини: Маркос јуниор положи заклетва како претседател
Фердинанд Маркос Јуниор положи заклетва како 17-ти претседател на Филипините, враќајќи една од најозлогласените политички династии во земјата во палатата Малакањанг, 36 години откако неговиот татко беше соборен во народното востание.
-
Свет 29.06.2022 11:13
Зеленски: Рускиот проектил намерно погоди трговски центар
Заврши потрагата по преживеани во трговскиот центар во Кременчук. Градот во централна Украина беше ракетиран од руските сили кои продолжуваат да ги интензивираат нападите и на истокот. Москва тврди дека центарот не работел, а цел на нападот било складиште со оружје крај објектот.
-
Свет 29.06.2022 10:58
ЕУ испорачува вакцини против мајмунски сипаници
Европската комисија почна да им испраќа на земјите-членки вакцини против мајмунски сипаници.
Првите 5.300 дози одат во Шпанија, а по неа вакцини ќе добијат Португалија, Германија и Белгија.
Досега во ЕУ се пријавени 2.682 случаја.
-
Свет 29.06.2022 10:56
Отсечена човечка глава пред судот во Бон
Отсечена човечка глава пронајена пред зградата на судот во Бон, Германија. Во близина на брегот на реката Рајна било пронајдено и торзо.
Приведен е 38-годишен маж кој имал досие поврзано со наркотици. Се верува дека и осомничениот и жртвата биле бездомници, соопшти полицијата.
-
Свет 29.06.2022 10:50
Шкотска: Референдум за независност во октомври идната година
Шкотската премиерка Никола Старџен најави дека Парламентот ќе донесе мерка за организација на референдумот за независност од Велика Британија. За датум е избран 19 октомври 2023 година.
-
Свет 28.06.2022 22:00
Турција се согласи да го крене ветото за влез на Шведска и Финска во НАТО
Постигнат е договор меѓу Турција, Шведска и Финска кои се апликанти за членство во НАТО. Анкара се согласи. Министрите за надворешни на Турција, Шведска и Финска го потпишаа меморандумот под покровителство на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, Ердоган, Нии-Ниста и Андерсон.
-
Свет 28.06.2022 14:48
Патнички воз излета од шините и удри во камион во Мисури
Три лица загинаа, а најмалку 50 се повредени откако патнички воз излета од шините и удри во камион во Мендон, Мисури. Според локалните медиуми, на раскрсницата каде што се случила несреќата не била поставена рампа.
-
Свет 28.06.2022 12:34
Тела на 46 мигранти пронајдени во приколка на камион во Тексас
Тела на 46 мигранти се пронајдени во приколка на камион во Сан Антонио, Тексас. Поради топлотен удар и исцрпеност беа хоспитализирани 16 луѓе, вклучувајќи и малолетни лица. Камионот бил паркиран крај железничка пруга во пуст предел на јужното предградие.
-
Свет 28.06.2022 10:28
Напади на руските сили во правец Лисичанск, Харков и Славјанск
Руските сили напаѓаат во правец Лисичанск, Харков и Славјанск. Се зголемува бројот на загинати во ракетирањето на трговскиот центар во Кременчук. Животот го загубија 16 лица, а четириесетина се водат како исчезнати.










