Реизборот на претседателот во заминување, во недела на 24 април, со 58,54 отсто од гласовите, против Марин Ле Пен, се должи помалку на ветувањата дадени во 2017 година отколку на потрагата по стабилност и отфрлањето на екстремната десница.
-
Свет 25.04.2022 14:17
-
Свет 25.04.2022 13:15
Протести против насилство врз жените
Жените во Мексико на протест против убиствата на жени, кои во последно време зачестија во таа земја.
Протестите се одржаа во Мексико Сити и вториот по големина град Монтереј, повикувајќи ги официјалните лица да се оправдаат за насилството.
-
Свет 25.04.2022 13:13
Четири лица избодени до смрт, напаѓачот е уапсен
Лондонската полиција уапси маж осомничен дека со нож избодел четири лица во јужниот дел на градот.
Безживотните тела на три жени и еден маж биле пронајдени во куќа откако полицијата добила дојава за немири во Саутворк.
-
Свет 25.04.2022 12:37
Словенија по изборите
Опозициската либерална партија убедливо победи на вчерашните парламентарни избори во Словенија. Според првичните официјални резултати, досегашниот премиер Јанез Јанша, кој беше обвинет дека ја турнал малата земја од Европската унија надесно додека бил на функцијата, претрпе убедлив пораз.
-
Свет 25.04.2022 10:49
Роберт Голоб победник на изборите во Словенија
Новата либерална партија Движење Слобода на поранешниот менаџер Роберт Голоб победи на изборите во Словенија.
-
Свет 25.04.2022 10:46
Големи протести по победата на Макрон
Француската полиција фрли солзавец врз демонстрантите во центарот на Париз кои протестираа откако претседателот Емануел Макрон повторно победи на изборите.
-
Свет 25.04.2022 10:16
Блинкен и Остин во Киев разговараа со Зеленски
Специјалната операција на руската армија во Украина влезе во 61. Ден. Американскиот државен секретар Блинкен му порача на украинскиот претседател Зеленски дека американските дипломати ќе се вратат во Украина.
-
Свет 24.04.2022 22:52
Според засега преброените гласови, Голоб со рекорден број пратенички места
Парламентарни избори во Словенија. Според последните излезни анкети, партијата „Движење за слобода“ на чело со Роберт Голоб, главниот противник на актуелниот премиер Јанез Јанша, победила со околу 35,8 насто, додека СДС на Јанша има 22,5 проценти од гласовите.
-
Свет 24.04.2022 22:17
Макрон останува претседател на Франција
Емануел Макрон останува во Елисејската палата и во наредните пет години.
Излезните анкети покажуваат дека актуелниот претседател на изборите освоил околу 58 проценти од гласовите, со што по втор пат ја победи десничарката Ле Пен.
-
Свет 24.04.2022 19:20
Затворени гласачките кутии во Словенија
Затворени гласачките кутии во Словенија, на деветтите парламентарни избори од независноста. Во трка беа 20 партии и над 1.400 кандидати за влез во парламентот со 90 пратенички места.










