Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска пристигна во ненајавена посета на Киев.
„Денеска сум во Киев. Во срцето на слободна и демократска Европа“, напиша Мишел на „Твитер“.
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска пристигна во ненајавена посета на Киев.
„Денеска сум во Киев. Во срцето на слободна и демократска Европа“, напиша Мишел на „Твитер“.
Најмалку едно лице загина, а четворица се повредени од кои еден критично по експлозија на автобус во северозападната провинција Бурса.
Автобусот превезувал затворски чувари до нивното работно место.
Зеленски објаснил и дека е засилен интензитетот на рускиот оган во Харков и во Донбас, дури и врз цивилното население. Претседателот Зеленски изјави дека Украина веќе би ја завршила војната кога би имала пристап до подобро оружје.
Грција денеска запленила руски нафтен танкер кај островот Евија како дел од санкциите на Европската унија против Русија, изјави претставник на грчкото Министерство за поморство.
По повеќе од две години, конечно во Венеција е забележан раст на бројот на туристите.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја заврши изборната кампања во Спортската сала Медводе во Љубљана.
По прегрупирањата на руските трупи и жестоките гранатирања, почна втората фаза од војната во Украина, битката за Донбас. Долгонајавуваната офанзива на руските сили за преземање на контролата на истокот ја потврди и претседателот Зеленски.
Турското Mинистерство за одбрана соопшти дека почнале нова воена операција против курдските милитанти во Ирак.
Шангај ги објави првите смртни случаи откако омикрон се рашири минатиот месец во овој кинески град. Тројца од починатите имале претходни заболувања и не биле вакцинирани.
Израел гаѓаше цел во појасот Газа како одговор на ракетен напад, соопштија израелските одбранбени сили. Израел смета дека Хамас е одговорен за какво било пукање во појасот Газа.