Соединетите Американски Држави не ја занемаруваат можноста Русија да се обиде да користи тактичко нуклеарно оружје во Украина, бидејќи Москва продолжува да се соочува со тешкотии на бојното поле, изјави денеска директорот на ЦИА, Вилијам Бернс.
-
Свет 14.04.2022 20:33
-
Свет 14.04.2022 19:36
Маск нуди 41,39 милијарди долари за „Твитер“
Милијардерот и сопственик на компанијата за производство на електрични автомобили „Тесла“, Илон Маск достави понуда за купување на сите акции на „Твитер“. Тој нуди 41,39 милијарди долари за 100 проценти акции на социјалната мрежа.
-
Свет 14.04.2022 12:46
Кина ја повика Јапонија да ја отстрани нуклеарно загадената вода од Фукушима
Кина ја повика Јапонија одговорно да ја отстрани нуклеарно загадената вода од Фукушима. Токио бара соодветен план за справување со опасниот отпад и да се консултираат соседните земји и Меѓународните организации.
-
Свет 14.04.2022 12:35
Притисок во обид да се запре најголемата епидемија на Ковид-19 во Шангај
Шангај и натаму строго затворен. Испораката на храна и лекови вршат волонтери. Продуктите се оставаат на посебни места за да граѓаните нема контакт меѓу себе.
-
Свет 14.04.2022 12:34
Лавров: Западот иницира „тотална хибридна војна“ против Русија
Русија потврди дека еден од најзначајните бродови на нејзината црноморска флота „Москва“ е сериозно оштетен по експлозија, за која Украина вели дека е од ракетен напад.
-
Свет 14.04.2022 09:59
Најмалку 121 загинат во поплавите и свлечиштата во Филипините
Најмалку 121 лице загина при лизгање на земјиште и поплави на Филипините, предизвикани од бурата Меги.
Повредени се над 240 лица, додека над 200.000 жители се раселени. Бурата оштети куќи и инфраструктура. Се проценува дека штетите се во висина од 2.6 милиони американски долари.
-
Свет 14.04.2022 09:50
Потребни се итни мерки за обезбедување на храна за сиромашните
Лидерите на Меѓународен монетарен фонд, Светската банка, Светската трговска организација и Светската програма за храна на Обединетите Нации упатија апел за итни мерки за справување со сè поголемата неизвесност за обезбедување храна за сиромашните земји.
-
Свет 14.04.2022 09:43
Бродот „Москва“ сериозно оштетен во експлозија
Русија потврди дека еден од најзначајните бродови на нејзината црноморска флота „Москва“ е сериозно оштетен по експлозија, за која Украина вели дека е од ракетен напад. Целата посада била навреме евакуирана.
-
Свет 13.04.2022 19:49
Украина: Русија подготвена да го нападне регионот на Доњецк
Русија е подготвена да изврши напади во регионот на Доњецк, тврдат украинските вооружени сили. Додаваат дека руските сили наводно се подготвени да го нападнат Херсон на југот на земјата.
-
Свет 13.04.2022 19:16
СЗО: Не е време за олеснување на анти-ковид мерките
Комитетот на Светската здравствена организација за вонредни прашања едногласно оцени дека не е време да се „олабави одбраната“ во однос на пандемијата на Ковид-19, изјави денеска претседателот на комитет Дидие Усин.









