„Стратегијата за економски „блицкриг“ не им успеа. Ни иницијаторите не успеаја да си помогнат со санкциите. Зборувам за инфлацијата, стапката на невработеност, влошената економска динамика во САД и европските земји“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
-
Свет 18.04.2022 20:37
-
Свет 18.04.2022 19:32
Успешно завршена мисијата на вселенската станица
Тројца кинески астронаути со екипажот на вселенскиот брод Шенжу-13 ја завршија својата шестмесечна мисија на кинеската вселенска станица и безбедно се вратија на земјата на 16 април.
-
Свет 18.04.2022 19:26
Приведени 26 луѓе по митинзите на Хардлајн
По судирите за време на викендот помеѓу полицијата и демонстрантите, приведени се 26 луѓе. Во два града вторпат во четири дена, избија судири поради митинзи на антиимигрантската и антиисламската група Хардлајн, предводена од данско-шведскиот политичар Расмус Палудан.
-
Свет 18.04.2022 18:41
Експлозија во Инстанбул
Силна експлозија во истанбулскиот кварт Шишли. Детонацијата се случила во шахта со подземна инсталација по што биле евакуирани станарите од три згради.
-
Свет 18.04.2022 18:37
Исламската држава повикува на нови напади во Европа
Со напади во Европа, Исламска држава ќе се одмаздува за убиството на својот поранешен лидер Абу Ибрахим ал- Курејши.
„Искористете ја приликата додека крстоносците се борат едни против други“, им порачаа на своите приврзаници, алудирајќи на украинската војна.
-
Свет 18.04.2022 18:20
Евакуирани четири трговски центри во Белград и Ниш по дојави за бомби
Евакуирани се четири трговски центри во српските градови Белград и Ниш по дојави за бомби.
-
Свет 18.04.2022 12:52
Зеленски не е подготвен да се откаже од теритоирјата на истокот
Украина го отфрли рускиот ултиматум за предавање на војниците во опколениот југоисточен град Мариупол. Претседателот Зеленски изјави дека не е подготвен да се откаже од територијата на истокот за да заврши војната и дека украинската војска е подготвена за борба.
-
Свет 18.04.2022 12:05
Турција започна воена офанзива во северен Ирак
Турските сили започнаа нова воздушна прекугранична офанзива против курдските милитанти во Северен Ирак.
-
Свет 18.04.2022 11:32
Иран со закани кон Израел
На одбележувањето на денот на армијата, Иран со закани кон Израел.
-
Свет 18.04.2022 11:22
Шангај-центар на најголемиот ковид бран во Кина
Кинеските власти пријавија три смртни случаи од Ковид-19 во Шангај, први откако беа воведени последните ограничувања кон крајот на март.










