• Свет 13.04.2022 19:02

    ЕУ одобри дополнителна воена помош за Украина

    Европската унија одобри дополнителни 543 милиони долари воена помош за Украина, со што вкупниот износ досега достигна 1,63 милијарди долари помош со цел земјата да се одбрани од руските сили.

  • Свет 13.04.2022 15:12

    Во тајфунот Меги загинаа над 50 луѓе

    Над 50 луѓе загинаа на Филипините откако тајфунот Меги предизвика лизгање на земјиштето. Десетици се водат како исчезнати.

    Десетици илјади луѓе се раселени и се засолниле во центрите за евакуација, а се чека смирување на невремето за да се доделат пакети за храна на луѓето.

  • Свет 13.04.2022 15:08

    Над 170.000 новозаразени од коронавирус

    Германија потврди над 170.000 нови случаи на инфекција со коронавирус. Земјата има регистрирано повеќе од 23 милиони инфекции од почетокот на епидемијата.

    Властите во Шангај, пак, предупредија дека секој што ќе ги прекрши строгите правила поради Ковид-19 ќе се соочи со строги казни.

  • Свет 13.04.2022 15:02

    Јавна дебата за можен влез во НАТО

    Финска почнува дебата што може да доведе до тоа земјата да поднесе барање за членство во НАТО во рок од неколку недели.

  • Свет 13.04.2022 12:12

    Зеленски: Меѓународната заедница превентивно да реагира на заканите од хемиско оружје

    Зеленски со повик до меѓународната заедница превентивно да реагира на заканите од хемиско оружје, бидејќи како што рече, по неговата употреба секоја следна реакција нема да промени ништо. Тој наведе дека секојдневно откриваат масовни гробници.

  • Свет 13.04.2022 10:10

    Руските сили во решавачка битка за Донбас

    Украина и предложи на Русија да ги размени заробениците за бегалецот Олигарх, Виктор Медведчук, близок сојузник на Путин, кој бил приведен во специјална операција спроведена од тајната служба на земјата.

  • Свет 13.04.2022 09:00

    Организацијата за забрана на хемиско оружје со внимание ја следи ситуацијата во Украина

    Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) е загрижена поради неодамнешните непотврдени извештаи за употреба на хемиско оружје во Мариопул.

  • Свет 13.04.2022 08:36

    Заробен украинскиот политичар Виктор Медведчук

    Украинските специјални сили го заробиле лидерот на проруската политичка партија, кој избега од домашен притвор кон крајот на февруари додека беше на кауција, објави украинскиот претседател.

  • Свет 12.04.2022 20:12

    Расте бројот на повредени по нападот во Бруклин

    Најмалку 16 лица се повредени, од кои петмина критично, откако непознат напаѓач отворил оган во метро станица во Бруклин, Њујорк. Според властите, на неколкумина им е укажана лекарска помош поради вдишување чад. На местото на инцидентот се пронајдени експлозивни направи.

  • Свет 12.04.2022 19:31

    Филаделфија ги враќа маските

    Додека во Европа се намалуваат рестрикциите, во САД, во Филаделфија повторно се воведува мерката задолжителното носење маски во затворени простории.

Pages