Северна Кореја потврди дека тестирала балистичката ракета со среден дострел.
Ова е првпат од 2017 година да биде лансиран проектил со таа големина. Лансирањето првпат беше пријавено од јужнокорејските и јапонските власти.
Северна Кореја потврди дека тестирала балистичката ракета со среден дострел.
Ова е првпат од 2017 година да биде лансиран проектил со таа големина. Лансирањето првпат беше пријавено од јужнокорејските и јапонските власти.
Една од најтешките зимски бури во последните години го зафати источниот дел од Сад и предизвика сообраќаен хаос и проблеми во снабдувањето со електрична енергија. Во Њујорк и Бостон во текот на викендот паднале над 60 сантиметри снег.
Соединетите држави побараа јавна седница на Советот за безбедност на ОН на 31 јануари за заканувачките воени сили на Русија на границите на Украина и во Белорусија.
Бројот на загинати во тропската бура „Ана“, која погоди три јужноафрикански земји – Мадагаскар, Мозамбик и Малави, достигна 77 луѓе.
Спасувачките тимови сè уште се борат за поправка на оштетената инфраструктура и помош на десетици илјади загрозени.
Алијансата од 243 невладини организации и група активисти за човекови права повикаа на дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг, само една недела пред инаугурацијата.
Францускиот претседател Макрон телефонски ќе разговара со неговиот руски колега Путин за украинската криза. Според Елисејската палата Макрон ќе му предложи на Путин начин за смирување на украинската криза со цел да не се создаде дополнителна нестабилност.
Италија ќе ги олесни ограничувањата воведени поради коронавирусот за сите посетители од земјите на Европската унија од 1-ви февруари.
На патниците ќе им треба само зелен сертификат со кој се потврдува вакцинација, прележана болест или негативен тест.
Северна Кореја истрелала две балистички ракети во морето, што е шеста ракетна проба во овој месец.
Јужнокорејската војска соопшти дека балистичките ракети со краток дострел прелетале 190 километри и достигнале височина од 20 километри пред да паднат во јапонското море.
Стејт департментот предупреди дека енергетскиот проект „Северен тек 2“ нема да проработи доколку Русија ја нападне Украина. Гасоводот треба да го удвои количеството на гас за Германија, заобиколувајќи ја Украина која е транзитна држава.
Новинари во Мексико протестираат во 28 града поради неодамнешните убиства на тројца нивни колеги и бараат да запре неказнувањето на сторителите на злосторствата врз медиумските работници.