Американскиот државен секретар Ентони Блинкен замина од Украина каде што се сретна со претседателот Володимир Зеленски во Киев. Негова наредна дестинација е Берлин каде што се закажани состаноци со европските сојузници.
-
Свет 20.01.2022 10:52
-
Свет 19.01.2022 10:43
САД: Вежбите на Русија и Белорусија се изговор за напад врз Украина
САД сметаат дека претстојните заеднички вежби на Русија и Белорусија ќе бидат изговор за напад врз Украина од север.
-
Свет 18.01.2022 15:33
Мецола го наследи Сасоли
Малтежанката Роберта Мецола е избрана за нов претседател на Европскиот парламент (ЕП). Од 690 присутни, за неа гласале 458 пратеници. Таа ја презеде функцијата откако на 11 јануари годинава почина нејзиниот претходник Дaвид Сасоли.
-
Свет 18.01.2022 13:30
Повеќемина повредени во снежното невреме во САД, илјадници домаќинства останаа без струја
Неколку лица се полесно повредени во снежното невреме што го погоди источниот брег на САД. Уништени и оштетени се десетици монтажни куќи. Невремето е проследено со обилни снежни врнежи, грмежи и силен ветер.
-
Свет 18.01.2022 12:12
Роберта Мецола – нова претседателка на ЕП
Роберта Мецола е наследничка на починатиот претседател на Европскиот Парламент, Давид Сасоли. 43-годишната Мецола е најмладиот претседател во историјата.
-
Свет 18.01.2022 11:35
Канада испрати трупи на специјалните сили во Украина
Канада испрати мал контингент воени сили за специјални операции во Украина. Потегот е дел од напорите на сојузниците во НАТО да ја запрат руската агресија и да најдат начини за поддршка на украинската влада.
-
Свет 18.01.2022 10:22
„Модерна“ најавува комбинирана вакцина против корона и грип
Американската фармацевтска компанија „Модерна“ најави дека најрано до есента 2023 година во некои земји би можело да се понуди комбинирана вакцина против Ковид-19 и сезонски грип.
-
Свет 18.01.2022 09:43
Во Москва средба на министрите за надворешни работи на Русија и Германија
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок е во Москва, на прво патување откако ја презеде функцијата во декември минатата година. Ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за размена на мислења за најитните меѓународни прашања.
-
Свет 17.01.2022 13:36
НАТО: За безбедноста нема компромис
„НАТО не прави компромиси околу принципите на европската и меѓународната безбедност “, нагласи генералниот секретар Јенс Столтенберг во интервју за Си-Би-Си. Русија останува во центарот на вниманието.
-
Свет 17.01.2022 12:22
САД: Илјадници летови откажани поради зимската бура
Авиокомпаниите откажаа повеќе од 2.700 летови во САД, поради зимската бура што го погоди југоисточниот дел. Гувернерите на Џорџија, Вирџинија, Северна и Јужна Каролина прогласија вонредна состојба.









