Продолжува да пристига хуманитарна помош во Непал по катастрофалните поплави. Четвртата пратка итна помош од Кина пристигна на Меѓународниот аеродром во главниот град, Катманду.
-
Свет 09.09.2026 12:29
-
Свет 09.09.2026 12:03
Во Осло денеска ќе биде погребан норвешкиот крал Харалд Петти
Во Норвешка денеска ќе биде погребан кралот Харалд Петти. Монарси, членови на европските кралски семејства и шефови на држави престојуваат во Осло за државниот погреб. Кралот Харалд, уживаше широка популарност меѓу Норвежаните за време на своето 35-годишно владеење.
-
Свет 09.09.2026 11:37
Крајот на војната во Украина ниту на повидок
И натаму има многу значајна работа за да се стави крај на војната во Украина, истакна Американскиот државен секретар Марко Рубио. И покрај обновените дипломатски контакти на американските претставници со Москва и Киев, крај на војната и натаму не е на повидок.
-
Свет 09.09.2026 10:29
Протест во Тирана, судир меѓу полицајците и демонстрантите
Полицијата во Албанија се судри со демонстрантите и им го блокираше пристапот до парламентот за време на најновиот протест против крајбрежниот развој поврзан со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.
-
Свет 09.09.2026 08:25
Украина: Продолжија нападите по тридневното примирје
Рускиот и американскиот претседател Путин и Трамп разговараа по телефон за прекин на конфликтот во Украина. Шефот на Белата куќа изјави дека сака напредок во преговорите што е можно поскоро, соопшти Кремљ.
-
Свет 09.09.2026 08:16
САД и Иран се враќаат на борбите
Вашингтон и Техеран се враќаат во борбите за време на повеќе од шест месеци војна. Американската војска соопшти дека уништила пет ирански танкери за сурова нафта.
-
Свет 08.09.2026 15:26
Нови руски напади врз Киев, растат тензиите со Москва
Само ден по дипломатските средби на американските претставници во Москва и Киев, кои викендов отпатуваа на средби со Путин и Зеленски во обид да го продолжат мировниот процес, повторно одекнаа сирените во украинската престолнина.
-
Свет 08.09.2026 08:29
Шпанија отвори истрага за мигрантскиот наплив во Сеута, сомнежи за хибриден напад
Шпанија отвори кривична истрага за масовниот наплив на мигранти во Сеута, откако полициски извештај посочи дека марокански граничари го олеснувале преминувањето на границата.
-
Свет 08.09.2026 08:25
Латвија планира царина од 300 проценти за житото од Русија и Белорусија
Латвија планира да воведе царина од 300 проценти на житото од Русија и Белорусија, откако Русија го зголеми транспортот на жито преку латвиските пристаништа поради нарушените извозни рути преку Црното и Азовското Море.
-
Свет 08.09.2026 08:20
Иран воведува нова зона на ограничување во Персискиот Залив, Вашингтон најавува одговор
Иран воведува нова зона на ограничување во Персискиот Залив и најавува нови навигациски рути низ Ормускиот теснец.
Техеран предупредува дека бродовите што ќе влезат во зоната ќе бидат санкционирани, а теснецот ќе биде отворен само доколку САД ги прекинат нападите и заканите кон Иран.










