Ескалира војната во Украина. Не поминува ден без интензивни напади.
-
Свет 14.09.2026 14:18
-
Свет 14.09.2026 13:41
Состојбата со пожарот на Брач поповолна, нема поголеми пламени и чад
Во текот на изминатата ноќ состојбата со пожарот на Брач, кој избувна на 10 септември, е поповолна. Нема поголеми пламени ниту чад, а онаму каде што ќе се појават се од помал обем и противпожарните служби веднаш реагираат и спречуваат нивно ширење, соопштија противпожарните служби.
-
Свет 14.09.2026 12:46
Украина го нападна рускиот црноморски град Сочи
Украинските сили извршија голем напад со дронови врз рускиот црноморски град Сочи. Во повеќе делови биле регистрирани експлозии и пожари.
-
Свет 14.09.2026 12:03
Тесна трка во Шведска по изборите
Тесна трка во Шведска. Опозицијата од левиот центар има мала предност пред владејачката коалиција, откако беа преброени повеќе од 90 проценти од гласовите.
-
Свет 14.09.2026 11:24
Денеска во Мускат состанок за воспоставување безбедна рута низ Ормускиот теснец
Министрите за надворешни работи на арапските земји на состанок во Мускат за воспоставување безбедна рута низ Ормускиот теснец. На состанокот треба да биде потпишан договор, по што ќе биде информирана меѓународната поморска организација.
-
Свет 14.09.2026 10:38
Русија не ја исклучува можноста за трилатерални преговори за Украина во октомври
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека октомври е можен термин за одржување на нова рунда трилатерални преговори за Украина.
„Не ја исклучуваме таквата можност“, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали разговорите би можеле да се одржат идниот месец.
-
Свет 13.09.2026 14:46
Пожарот кај Брач повторно се разгоре
Шумскиот пожар кај Брач повторно се разгоре под влијание на силниот ветер, загрозувајќи го крајбрежниот град Милна.
Околу 230 пожарникари се бореа со огнената стихија во текот на ноќта.
-
Свет 13.09.2026 12:11
Околу 140 исчезнати по превртување ферибот во Индонезија
Индонезиските спасувачки служби соопштија дека околу 140 патници и членови на екипажот се водат како исчезнати откако ферибот со повеќе од 240 луѓе се превртел поради лошите временски услови во Јаванското Море.
Спасени се најмалку 102 лица, а пронајдено е и телото на еден патник.
-
Свет 13.09.2026 12:08
Нови руски напади врз Украина, Москва отфрла средба Путин - Зеленски
Жртви и десетици ранети во руски воздушни напади врз неколку украински региони.
Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените удари врз електроцентралите и друга критична инфраструктура.
-
Свет 13.09.2026 11:54
Арапските земји бараат безбедна пловна рута низ Ормускиот теснец
Утре во Мускат, Министрите за надворешни работи на арапските земји ќе разговараат за воспоставување безбедна пловна рута меѓу Иран и Оман низ Ормускиот теснец.










