Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран ќе заврши и дека цените на нафтата ќе се намалат „веднаш по изборите“. Претседателот ги даде коментарите пред дводневната конвенција на републиканците на среднорочната седница во Далас.
-
Свет 10.09.2026 09:18
-
Свет 09.09.2026 19:10
Вучиќ распиша вонредни избори на 25 октомври
Скратен мандатот на српскиот парламент – почнува битката за ново мнозинство. Вучиќ го потпиша Указот за распуштање на Народното собрание, а Србија влегува во предвремена изборна кампања.
Новиот распоред на политичките сили ќе се решава на 25-ти октомври.
-
Свет 09.09.2026 16:50
Рубио: Има уште многу работа за постигнување мир во Украина
И натаму има многу значајна работа за да се стави крај на војната во Украина, истакна Американскиот државен секретар Марко Рубио. Во следните неколку недели предвидено е да се развие план за рестартирање на разговорите и потенцијално да се постигне договор прифатлив за двете страни.
-
Свет 09.09.2026 16:00
Погребан кралот Харалд Петти
Норвешка со големи почести го испрати кралот Харалд Петти. Околу 200 илјади луѓе во Осло се простија од монархот, а на државниот погреб присуствуваа европски кралски семејства и светски лидери, меѓу кои принцот Вилијам и украинскиот претседател Зеленски.
-
Свет 09.09.2026 14:21
САД погодија пет ирански танкери, Иран возврати со ракетен напад врз Јордан
Вашингтон и Техеран во нова отворена пресметка. По два обида на Иран да погоди американски воен брод со балистички ракети, американските сили возвратија со жесток удар – уништени пет ирански танкери за сурова нафта, четири во Оманскиот Залив и еден во близина на Харг.
-
Свет 09.09.2026 12:29
Четвртата пратка помош од Кина пристигна во Катманду
Продолжува да пристига хуманитарна помош во Непал по катастрофалните поплави. Четвртата пратка итна помош од Кина пристигна на Меѓународниот аеродром во главниот град, Катманду.
-
Свет 09.09.2026 12:03
Во Осло денеска ќе биде погребан норвешкиот крал Харалд Петти
Во Норвешка денеска ќе биде погребан кралот Харалд Петти. Монарси, членови на европските кралски семејства и шефови на држави престојуваат во Осло за државниот погреб. Кралот Харалд, уживаше широка популарност меѓу Норвежаните за време на своето 35-годишно владеење.
-
Свет 09.09.2026 11:37
Крајот на војната во Украина ниту на повидок
И натаму има многу значајна работа за да се стави крај на војната во Украина, истакна Американскиот државен секретар Марко Рубио. И покрај обновените дипломатски контакти на американските претставници со Москва и Киев, крај на војната и натаму не е на повидок.
-
Свет 09.09.2026 10:29
Протест во Тирана, судир меѓу полицајците и демонстрантите
Полицијата во Албанија се судри со демонстрантите и им го блокираше пристапот до парламентот за време на најновиот протест против крајбрежниот развој поврзан со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.
-
Свет 09.09.2026 08:25
Украина: Продолжија нападите по тридневното примирје
Рускиот и американскиот претседател Путин и Трамп разговараа по телефон за прекин на конфликтот во Украина. Шефот на Белата куќа изјави дека сака напредок во преговорите што е можно поскоро, соопшти Кремљ.










