Албанската влада ќе му предложи на Парламентот бришење на долговите на поединци од бизнис-сферата.
Вкупниот износ што би им бил простен изнесува 660 милони евра, што претставува шест насто од БДП.
Албанската влада ќе му предложи на Парламентот бришење на долговите на поединци од бизнис-сферата.
Вкупниот износ што би им бил простен изнесува 660 милони евра, што претставува шест насто од БДП.
Словенечкиот парламент донесе нацрт-закон за запирање на мигранти на границата со Хрватска без да им даде можност да поднесат молба за азил. Мерката беше одобрена со 47 против 18 пратенички гласа.
Парламентарното собрание на Советот на Европа бара да бидат утврдени правилата за обврските на онлајн медиумите и новинарите.
Државите-членки треба да дискутираат за стандардите и механизмите за спречување на нарушување на информациите и манипулација на јавното мислење.
„САД и Велика Британија имаат одговорност да воспостават специјални трансатлантски односи на почетокот на една нова ера и се должни повторно заедно да го водат светот“, изјави британската премиерка Тереза Меј, која е во прва посета на САД во оваа функција.
Европа останува сојузник на Соединетите Американски Држави, но европските држави долго време се богатеа на сметка на Америка, е ставот на новиот американски претседател Доналд Трамп.
Австриската полиција привела осум лица во текот на рациите спроведени во Виена и во Грац во рамките на истрагата за можните врски со екстремистичката Исламска држава.
Симпатизерка на терористичката организација Исламска држава е осудена на шестгодишна затворска казна, откако во февруари минатата година на главната железничка станица во Хановер со нож нападнала полицаец.
Новиот претседател на Австрија, Александер Ван Дер Белен во своето прво обраќање до јавноста, по положувањето заклетва, истакна дека сака да биде претседател на сите граѓани, оценувајќи дека Европската Унија е мировен проект во кој треба да се вложи напор за да се зачува.
Германската влада прифати нов закон за патарина за личните возила кој наиде на силен отпор од соседните земји иако беа усвоени измените по налог Европската комисија.
Бразил е во опасност од епидемија на жолта треска која во последниве два месеца усмрти 40 луѓе, што е рекорден број жртви од вирусот во последните 14 години.
За ова заболување постои вакцина и доколку не се превенира може да предизвика и откажување на работата на бубрезите и крвавење.