На истанбулскиот аеродром „Ататурк“ во Турција полицијата запленила досега непозната дрога. Аеродромските власти соопштија дека само еден килограм од овој наркотик во вид на прав, бил доволен за да се произведат 900 килограми синтетичка дрога.
-
Свет 23.01.2017 14:28
-
Свет 23.01.2017 12:37
Нова рунда преговори за Сирија во Астана
Сирискиот конфликт повторно ги собра светските лидери на иста маса. Овој пат мировната конференција се одржува во казахстанската престолнина Астана како дел од декемврискиот договор меѓу Русија и Турција.
-
Свет 23.01.2017 11:47
Белфаст: Полицаец ранет во терористички напад
Северноирски полицаец е ранет од огнено оружје во Белфаст во терористички напад. Властите приведоа 36-годишен маж осомничен за инцидентот.
-
Свет 23.01.2017 10:49
Советниците и помошниците на Трамп положија заклетва во Белата куќа
Околу 30 советници и помошници на американскиот претседател Доналд Трамп положија заклетва во Белата куќа.
-
Свет 23.01.2017 10:35
Невреме во јужниот дел на САД, загинаа 18 лица
18 лица загинаа во невремето што го зафати јужниот дел на САД. Во Џорџија каде што е прогласена и вонредна состојба настрадаа 14, а четворица во Мисисипи.
Торнада и бури се регистрирани и во делови од сојузните држави Тексас, Алабама, Луизијана и Флорида, но нема информација за жртви.
-
Свет 23.01.2017 10:13
Почнуваат преговорите за Сирија во Астана
Специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура е оптимист во однос на преговорите во Астана.
-
Свет 20.01.2017 17:25
Демонстранти во Вашингтон демолираат пред почетокот на инаугурацијата на Трамп
Демонстранти, кои се собраа против инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон, облечени во црна облека, кршат стакла на продавници и автомобили.
Искршени се и прозорци на филијала на Банка на Америка, јавуваат локалните медиуми.
-
Свет 20.01.2017 16:11
Брисел очекува партнерски односи со новата американска администрација
Европската унија се надева на партнерски однос со новата американска администрација, на која како што изјави шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини уште во понеделникот, ќе ѝ треба малку време да се прилогоди на новите услови.
-
Свет 20.01.2017 14:24
Џихадистите уништија познат споменик во Палмира
Екстремистите на Исламска држава уништиле еден од најпознатите споменици во древниот град Палмира, познат како Тетрапилон, како и фасадата на Римскиот театар.
Тетрапилон е платформа на која се наоѓаат четири столбови од кои е сочуван само еден изворен од египетски гранит.
-
Свет 20.01.2017 13:25
Пронајдени шестмина преживеани во италијанскиот хотел затрупан во лавина
Спасувачите во Италија пронашле шестмина преживеани во хотелот кој беше затрупан од лавина во централна Италија. Во зградата имало 30-ина гости, меѓу и деца, како и неколку членови од персоналот.









