Претставниците на двете струи за претстојниот референдум во Велика Британија се обидоа за последен пат да ги придобијат гласачите пред утрешната судбоносна одлука. Најголемата дебата во живо за т.н. Брегзит се одржа пред 6.000 гледачи во арената Вембли.
-
Свет 22.06.2016 15:31
-
Свет 22.06.2016 13:09
Обама ги продолжи санкците за лицата кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан
Американскиот претседател Барак Обама ги продолжи за уште една година санкциите против лицата кои ја загрозуваат стабилноста на Западниот Балкан.
-
Свет 22.06.2016 12:02
Американски дипломати контра политиката на Вашингтон за Сирија
Државниот секретар на САД, Џон Кери и 50 американски дипломати потпишаа меморандум во кој се критикува политиката на Вашингтон за конфликтот во Сирија. Потписниците бараат бомбардирање на режимот во Дамаск.
-
Свет 22.06.2016 11:20
Израелски рабин побара да се труе водата за Палестинците на Западниот Брег
Израелски рабин побара труење на водата која ја користат Палестинците на Западниот Брег. Според весникот „Дејли сабах“, барањето од рабинот кој се идентификува како Шломо Млмадс било пренесено од израелската организација „Прекин на тишината“.
-
Свет 22.06.2016 11:01
Изборната кампања во САД се заострува
Двајцата најсериозни претседателски кандидати во Соединетите Американски Држави. Доналд Трамп и Хилари Клинтон имаат тотално спротиставени ставови околу борбата против тероризмот, меѓународната политика и котролата на оружјето.
-
Свет 22.06.2016 10:36
Јордан ги затвори границите
Јордан ги затвори граничните региони со Сирија и Ирак по самоубиствениот бомбашки напад во кој загинаа 6 војници. Не се знае кој го извршил нападот од сириска територија во близина на бегалски камп.
-
Свет 22.06.2016 10:18
Построги правила за азилантите во Шведска
Шведскиот парламент усвои построги правила за барателите на азил поради проблемите со кои се соочи владата откако пристигнаа 163 илјади азиланти.
Покрај тригодишниот престој, за поголемиот дел беглаци се воведени и мерки кои ограничуваат обединување на семејствата.
-
Свет 21.06.2016 16:06
Лажна закана ја крена на нозе белгиската полиција
Белиската полиција на нозе по лажната закана на маж дека ќе се саморазнесе во центарот на Брисел. Откако бил приведен кај него не е пронајден експлозив. Ова предизвика паника во метрополата. Итно беше евакуиран центарот, сообраќајот беше запрен и затворени околните продавници.
-
Свет 21.06.2016 15:29
САД нема да ја засили контролата на оружјето
Американскиот Сенат ги отфрли барањата за заострена контрола за оружје. Потенцијалните терористи и натаму ќе имаат слободен пристап до него.
-
Свет 21.06.2016 15:11
ЕК ќе деблокира милијарда евра помош за Турција
До крајот на месецов Европската комисија ќе деблокира милијарда евра помош од механизамот на ЕУ за бегалците во Турција, изјави Оливие Ониди, заменик-директор на Европската генерална дирекција за миграција и внатрешни работи.










