• Свет 13.06.2016 10:56

    Франција најави дека ќе ги протера навивачите кои предизвикуваат нереди

    Француската влада најави дека ќе ги протера сите навивачи кои предизвикуваат нереди бидејќи полицијата мора да се фокусира на спречување потенцијални терористички напади за време на Европското фудбалско првенство.

  • Свет 13.06.2016 10:13

    Обама го осуди нападот во Орландо

    Американскиот претседател Барак Обама го осуди нападот во Орландо во кој загинаа 50 луѓе, а 53 беа ранети. Според него, ова е најголемиот масакр во современата историја на САД и е олицетворение на терор и омраза.

  • Свет 12.06.2016 20:16

    Терористички напад во Оралндо, над 50 загинати

    50 убиени и најмалку 53 ранети е билансот од најсмртоносниот вооружен напад во историјата на САД. Вооружен напаѓач којшто е идентификуван како Омар Садики Матин отворил оган во ноќен клуб за хомосексуалци во Орландо на Флорида околу 2 часот по полноќ, кога во него се наоѓале околу 320 гости.

  • Свет 10.06.2016 16:34

    Блокирани пристаништата во Пиреја и Солун

    Работата на грчките пристаништа во Атина и Солун и натаму е блокирана. Вработените кој што штрајкуваат веќе две недели, најавија дека штрајкот ќе продолжи и викендов. Бараат владата да ја повлече одлуката за приватизација што беше донесена на барање на Тројката.

  • Свет 10.06.2016 14:52

    Лабуристите предупредија- Брегзит ќе ја чини Британија 18 милијарди фунти

    Излезот од ЕУ може да предизвика драстично зголемување на данокот и намалување на трошоците и до 18 милијарди фунти, предупредија Лабуристите.

    Партијата ја засили кампањата за продолжување на членството во Унијата што ќе се гласа на референдумот на 23 јуни.

  • Свет 10.06.2016 12:08

    Обама одобри проширување на мисијата во Авганистан

    Претседателот на САД, Барак Обама одобри проширување на мисијата на американските сили во Авганистан, овозможувајќи им учество во борбата на авганистанската армија против талибанските бунтовници.

  • Свет 10.06.2016 10:38

    Поддржувачите на „Брегзит“ сметаат дека Унијата мора да се реформира

    Европската Унија наместо економска заедница стана повеќе политичка институција, се сложуваат поддржувачите на референдумот за излез на Обединетото Кралство од ЕУ, но и Британците коишто сакаат да останат дел од Унијата.

  • Свет 10.06.2016 10:25

    ИД остана без упориштето во Либија

    Исламска држава остана без упориште во Либија. Освојувањето на Сирт ја круниса едномесечната офанзива на либиските сили за преземање на упориштата на бунтовниците.

  • Свет 09.06.2016 14:54

    Израел забрани влез за Палестинци по нападот во Тел Авив

    Израел ја суспендира дозволата за влез на 83 илјади Палестинци за Рамазан поради нападот во Тел Авив во кој двајца братучеди од Западниот брег убија четворица цивили. Полицијата ги уапси Палестинците кои ранија и шеснаесетмина во близина на Министерството за одбрана на Израел.

  • Свет 09.06.2016 13:00

    Либиската армија влезе во Сирт, упориштето на ИД

    Либиската армија влезе во Сирт, упориштето на џихадистичката група Исламска држава  во земјата.

    Во родниот град на поранешниот либиски диктатор Гадафи се водат жестоки судири. Војската презела клучен мост, на кој ИД ги бесела непријателите.

Pages