• Свет 21.06.2016 15:08

    Четири лица загинаа во невреме во Јапонија

    Четворица  загинаа, а двајца се водат за исчезнати во поројните дождови во југозападниот дел на Јапонија.

    Метеоролозите предупредија на можно лизгање на земјиштето и поплава во неколку региони.

  • Свет 21.06.2016 14:28

    Три лица уапсени за терористичка пропаганда во Турција

    Три лица, меѓу кои е и претставник на „Репортери без граници“ се уапсени за учество во терористичка пропаганда во Турција.

    Апсењето се случува во период кога ЕУ го зголемува притисокот за запирање на апсењата и осудувањето на новинари и професори.

  • Свет 21.06.2016 13:18

    Петмина словачки туристи загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Алексинац

    Пет лица загинаа кога словачки автобус со туристи излета од автопатот Белград- Ниш кај Алексинац. Повредени се 23 лица од кои седумина се задржани во Клиничкиот центар во Ниш.

  • Свет 21.06.2016 12:01

    Сендфорд призна дека сакал да го убие Трамп

    Мајкл Сендфорд, Британецот кој се обиде да изврши атентат врз Доналд Трамп призна дека сакал да го убие републиканскиот кандидат за претседател на САД.

  • Свет 21.06.2016 10:51

    Продолжува опасноста од напади на ИДИЛ

    И покрај напредокот во операциите против Исламската држава, капацитетот на оваа терористичка организација за напади не е намален. Во иднина ќе се зголемат обидите за терористички напади, предвидува Директорот на американската агенција за разузнавање ЦИА.

  • Свет 21.06.2016 10:17

    Франција: Судири меѓу бегалците и полицијата во Кале

    Полицијата употреби солзавец против мигрантите во Кале, северна Франција. Судирот се случил во близина на прифатниот центар откако дел од бегалците се обиделе да го забават сообраќајот за да се влезат во камионите кои патувале кон Велика Британија.

  • Свет 21.06.2016 10:04

    Брисел: Приведен човек кој носел експлозивен уред на себе

    Бриселската полиција приведе човек кој носел појас со експлозивен уред на себе. Во Белгија веќе се зголемени мерките за безбедност поради можни терористички напади.

  • Свет 20.06.2016 15:07

    Брегзит: Изедначени проценти на поддржувачите и противницте

    Најновите анкети во Обединетото Кралство покажуваат изедначување на процентите на поддржувачите и противниците за т.н. Брегзит со кој на 23 јуни ќе се тестира 40-годишната врска со европското семејство.

  • Свет 20.06.2016 14:10

    Брисел во тревога, шест метро станици се затворени

    Влезовите на неколку подземни железнички станици во Брисел се целосно затворени, по налог на белгиската полиција.

    Превозот е ограничен на минимален број влезно-излезни точки. Слична мерка беше преземена и во март годинава, непосредно по нападите во белгиската престолнина.

  • Свет 20.06.2016 11:58

    Вирџинија Раџи- прва градоначалничка на Рим

    Вирџинија Раџи од партијата „Движење пет ѕвезди“ стана првата градоначалничка на Рим. Со победата на вториот круг од локалните избори, евроскептиците си обезбедија сигурни места во Рим и во Торино, но и стабилна платформа за парламентарните избори во 2018 година.

Pages