Во Аден, хути милицијата се судри со владините сили во центарот на градот, додека од џамиите оџите повикуваа на џихад и борба против шиитите. Бунтовниците палат куќи и напредуваат со помош на тенк и две оклопни возила.
-
Свет 08.04.2015 13:52
-
Свет 08.04.2015 12:16
Откажани стотици летови во Франција поради штрајк на контролорите
Стотици летови се откажани во Франција пред планираниот штрајк на контролорите на авио-сообраќајот.
Синдикатот повика на дводневен штрајк поради зголемувањето на старосната граница за пензионирање за две години – на 59.
-
Свет 08.04.2015 12:12
Полициска бруталност: Бел полицаец од Јужна Каролина застрелал афроамериканец во грб
Американски суд покрена обвинение против бел полицаец од Јужна Каролина, затоа што застрелал афроамериканец кој бегал од него. Полицаецот тврдел дека пукал во одбрана на својот живот.
-
Свет 08.04.2015 12:06
Најниски цени на бензинот во САД во последниве шест години
Возачите во САД летово ќе имаат најниски цени на бензинот во последниве шест години, најави министерството за енергетика.
-
Свет 08.04.2015 09:14
Ципрас на средба со Путин во Москва
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, во надеж за заживување на економската соработка меѓу двете земји.
-
Свет 07.04.2015 17:43
12 масовни гробници во Тикрит
По ослободувањето на Тикрит почна откопувањето на 12 масовни гробници со околу 1.700 тела на заробени ирачки војници, убиени од борците на Исламска Држава.
-
Свет 07.04.2015 14:37
Турската полиција уапси две лица осомничени за нападот на фудбалерите на Фенербахче
Изутрината турската полиција уапси две лица кои се осомничени за нападот на автобусот што ги превезуваше фудбалерите на Фенербахче.
Според информации од истрагата едниот од напаѓачите го следел автобусот, додека другиот го извршил вооружениот напад, при што беше повреден возачот.
-
Свет 07.04.2015 14:30
Снежно невреме на Балканот
Снежното невреме на Балканот и денеска создава проблеми. Во Србија стотина жители на селото Нова Варош се отцепени од светот и немаат струја. Најкритична е состојбата во селата Јасеново и Мишевич во кои снежната покривка достигнува до еден метар.
-
Свет 07.04.2015 12:03
Грција бара 279 милијарди евра воени репарации од Германија
Германија и должи на Грција 279 милијарди евра за нацистичката окупација на Грција за време на Втората светска војна, изјави заменик министерот за финансии, Димитрис Мардас на седницата на парламентарната комисија.
-
Свет 07.04.2015 11:36
Јемен на раб на хуманитарна катастрофа
Состојбата во Јемен е алармантна. Земјата е на раб на хуманитарна катастрофа, борбите меѓу Коалицијата предводена од Саудиска Арабија и Хутите секојдневно се се пожестоки, при што меѓу загинатите има голем број деца, а милиони луѓе се пред евакуација , соопшти УНИЦЕФ.










