Лидерите на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка на годишен самит во Јужна Кореја. Учесниците од 21 земја дебатираат за промовирање на економската соработка и заедничките предизвици.
-
Свет 31.10.2025 20:08
-
Свет 31.10.2025 15:12
Зеленски: Светот мора соодветно да одговори на руското војување
Еден ден откако руските сили извршија масовен ракетен и беспилотен напад врз украинската енергетска инфраструктура, Киев го возврати ударот. Трафостаници, рафинерии и термоцентрали во Русија на удар на укарински дронови.
-
Свет 31.10.2025 12:26
Илјадници студенти пристигнуваат во Нови Сад за годишнината од трагедијата
Илјадници студенти пристигнуваат во Нови Сад. Утре во градот се одржува голем комеморативен собир на една година од уривањето на настрешницата на железничката станица при што загинаа 16 лица.
-
Свет 31.10.2025 11:24
Продолжува блокадата на федералната влада
Њујорк прогласи вонредна состојба во државата поради недостиг на сојузни средства за програмата за помош во храна. Федералната влада и натаму е во блокада.
-
Свет 31.10.2025 10:35
Вратени останките на уште двајца заложници
Хамас предаде тела на уште двајца заложници. Досега беа вратени 15 киднапирани, се трага по уште 13. Прекинот на огнот во Газа и натаму на тест. Изминатите два дена беа регистрирани напади со десетици жртви.
-
Свет 31.10.2025 09:37
Русија и Украина со меѓусебни напади со дронови
Жестоки битки на истокот од Украина откако руските сили влегоа во Покровск, стратешки важен за контрола на Доњецк. Врховниот командант на украинските вооружени сили вели дека ситуацијата е комплицирана. Светот мора соодветно да одговори на руското војување, изјави претседателот Зеленски.
-
Свет 31.10.2025 09:08
Реакции по објавата на Трамп за нуклеарни тестови
Генералниот секретар на ООН предупредува на ризиците, откако шефот на Белата Куќа сугерираше дека САД ќе продолжат со тестирање на нуклеарно оружје.
-
Свет 31.10.2025 08:13
Жестоки битки на истокот на Украина
Продолжуваат жестоките битки на истокот од Украина откако руските сили влегоа во Покровск, стратешки важен за контрола на Доњецк. Врховниот командант на украинските вооружени сили вели дека ситуацијата е комплицирана, но нема опколување на украинската армија.
-
Свет 30.10.2025 18:35
САД и Кина ги надминаа пречките околу трговскиот спор
САД и Кина ги надминаа пречките околу трговскиот спор. По средбата на американскиот претседател Трамп со неговиот кинески колега Џинпинг во Јужна Кореја, шефот на Белата куќа објави дека постигнале нов трговски договор кој наскоро ќе биде потпишан.
-
Свет 30.10.2025 12:55
Тела на деца извлечени од урната зграда во Гебзе
Две деца се извлечени мртви од урнатините на седумкатница што се урна во турскиот град Гебзе. Спасена е 18-годишна девојка од петчлено семејство кое било во зградата во моментот на несреќата.










