Наспроти повиците од светот за мир, Москва ги зајакна нападите врз Украина. Втора ноќ по ред Киев на удар на руските дронови и ракети, погодени се станбени згради. Бројот на жртви и повредени расте. Повеќе од 30 града се најдоа под непријателски оган, Житомир, Чернихив, Одеса, Миколаев.
-
Свет 25.05.2025 13:16
-
Свет 25.05.2025 10:19
Протести во Тел Авив
Синоќа стотици луѓе протестираа во Тел Авив, повикувајќи на прекин на војната во Газа и итно ослободување на преостанатите заложници кои ги држи милитантната група Хамас.
-
Свет 25.05.2025 09:46
Продолжуваат нападите врз Киев
Нови руски напади врз киев со беспилотни летала. Украинските воздухопловни сили соопштија дека викендов откриле околу 250 дронови и 14 балистички проектили, главно насочени кон главниот град.
Според првите информации загинале најмалку три лица, а десетици се повредени.
-
Свет 24.05.2025 13:03
Расте дипломатскиот притисок врз Израел
Израел соочен со дипломатски притисок. Проширената офанзива во Газа и блокадата на помошта, очигледно беа премногу дури и за западните сојузници на Тел Авив кои испратија јасен сигнал дека е доста.
-
Свет 24.05.2025 12:05
Најавените царини на Трамп за Брисел се закана
Најавите на американскиот претседател Трамп за царини од 50 насто за стоки од Европската унија од почетокот на јуни, за Брисел се закана.
Еврокомесарот за трговија Марош Шефчович смета дека трговијата меѓу САД и ЕУ мора да се води од заемно почитување, а не од закани.
-
Свет 24.05.2025 11:27
Нов масовен напад врз Киев
Русија изврши нов масовен, комбиниран напад со беспилотни летала и ракети врз Киев. Голем број луѓе се повредени, а многу жители побараа засолниште во подземните станици на метрото.
-
Свет 24.05.2025 09:55
17 повредени во нападот со нож во Хамбург, четворица се во животна опасност
Жена вооружена со нож нападна патници на еден од пероните на централната железничка станица во Хамбург, повредувајќи 17 луѓе. Четири се во критична, а шестмина во тешка здравствена состојба, соопштија германските власти.
Полицијата тврди дека нападот нема политички мотиви.
-
Свет 23.05.2025 20:00
Четврта жртва од поплавите источниот брег на Австралија
Четврта жртва од поплавите што го зафатија источниот брег на Австралија. Едно лице и натаму се води за исчезнато. Премиерот на Нов Јужен Велс, Албанезе, го посети погодениот регион.
-
Свет 23.05.2025 13:12
Москва и Киев со меѓусебни обвинувања за масовни напади со беспилотни летала
Во момент на засилени борби на украинскиот фронт и нови извештаи за масовни напади со цивилни жртви на двете страни, рускиот претседател Путин, реши да создаде безбедносна тампон-зона на руско-украинската граница.
-
Свет 23.05.2025 10:01
Во Рим петта рунда разговори меѓу Вашингтон и Техеран за иранската нуклеарна програма
Во Рим петта рунда разговори меѓу Вашингтон и Техеран за иранската нуклеарна програма. На маса американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Оман посредува меѓу двете земји.










