Трамп го укинува правото на Харвард да запишува меѓународни студенти, поради непочитување на законот.
-
Свет 23.05.2025 08:25
-
Свет 23.05.2025 08:21
Оддавање почит на убиените израелски службеници
Стотици луѓе пред Белата куќа им оддаваат почит на двајцата вработени во израелската амбасада кои беа убиени во терористички напад пред портите на Еврејскиот музеј во Вашингтон.
-
Свет 23.05.2025 08:16
Засилени борби на украинскиот фронт
Во момент на засилени борби на украинскиот фронт, рускиот претседател Путин по владиниот состанок, реши да создаде безбедносна тампон-зона долж руско-украинската граница.
-
Свет 22.05.2025 19:45
Незапаметени поплави го зафатија источниот брег на Австралија, најмалку две лица загинаа
Незапаметени поплави го зафатија источниот брег на Австралија. Најмалку две лица загинаа, а три се водат за исчезнати.
Спасувачките екипи тврдат дека повеќе од 500 луѓе биле спасени од погодените подрачја.
-
Свет 22.05.2025 18:37
Убиени двајца службеници на израелската амбасада во САД
Млада двојка, двајцата службеници на израелската амбасада во САД, убиени се во терористички напад пред Еврејскиот музеј во Вашингтон. 30-годишниот напаѓач од Чикаго е уапсен. При приведувањето извикувал „Слобода за Палестина“. Властите уверуваат дека нема закана за заедницата.
-
Свет 22.05.2025 10:59
Трамп му пушти на Рамафоса видеа за геноцид врз белците во Јужна Африка
Шефот на Белата Куќа, Трамп му приреди непријатно изненадување на јужноафриканскиот претседател Рамафоса за време на средбата во Овалната соба. По пријателскиот почетен разговор пушти видеоснимка за која тврди дека докажува геноцид врз белците во Јужна Африка.
-
Свет 22.05.2025 10:09
Нетанјаху: Израелската војска веројатно го уби лидерот на Хамас
Во Газа сè уште има 20 живи заложници, 38 се мртви. Израелската војска веројатно го убила Мохамед Синвар, лидерот на Хамас и брат на убиениот лидер Јахја Синвар, изјави Нетанјаху. Тој рече дека Израел има организиран план за постигнување на воените цели во појасот.
-
Свет 22.05.2025 09:49
Убиени вработени во амбасадата на Израел во САД
Двајца службеници на израелската амбасада во САД се убиени во терористички напад пред Еврејскиот музеј во Вашингтон. 30-годишниот напаѓач од Чикаго е уапсен. При приведувањето извикувал „Слобода за Палестина“. Сочувство за жртвите и повредените од претседателите на САД и на Израел.
-
Свет 22.05.2025 09:40
Земјотрес од 6,1 степен ги погоди грчките острови Крит и Санторини
Земјотрес од 6,1 степен по Рихтер ги погоди грчките острови Крит и Санторини. Епицентарот бил на околу 82 километри североисточно од главниот град на Крит, Хераклион. Нема информации за повредени или материјална штета.
-
Свет 22.05.2025 08:59
Зеленски: Русија не покажува сигнали за прекин на огнот
Борбите се најинтензивни во регионот Донецк, украинските сили продолжуваат да дејствуваат во рускиот регион Курск, тврди украинскиот претседател.










