Масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. На удар клучни инфраструктурни објекти. Главна цел енергетската мрежа и хидроцентралите. Украинскиот национален оператор воведе вонредни прекини на струја во шест региони.
-
Свет 15.01.2025 11:48
-
Свет 15.01.2025 10:12
Радев денеска ќе го предаде мандатот за состав на влада на кандидатот на ГЕРБ-СДС
По повеќе од два месеца од предвремените парламентарни избори одржани на 27-ми октомври, бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот за состав на влада на кандидатот за премиер, Росен Жељазков од ГЕРБ-СДС.
-
Свет 15.01.2025 09:38
Се финализираат деталите за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас
Израел и Хамас се на најблиската точка до склучување договор за ставање крај на 15-месечната војна на Блискиот Исток. Финалните деталите сè уште се разработуваат.
-
Свет 15.01.2025 08:39
Пожарите во САД не стивнуваат, се трага по исчезнати
Во пожарите кои го зафатија Лос Анџелес, за една недела загинаа најмалку 24 луѓе, 35 се водат за исчезнати, раселени се илјадници, а повеќе од 12.000 згради се уништени.
-
Свет 15.01.2025 08:38
Уапсен отповиканиот претседател Јун Сук Јеол
Јужнокорејските власти го уапсија отповиканиот претседател Јун Сук Јеол под обвинение за бунт. Јун рече дека ќе соработува во истрагата за да избегне крвопролевање и да се стави крај на неколкунеделниот политички ќор-сокак.
-
Свет 15.01.2025 08:38
Се враќа дебатата за границата за пензионирање во Франција
Новиот француски премиер Франсоа Бајру најави повторно преговарање за спорниот план за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
-
Свет 15.01.2025 08:37
Масовен руски напад врз Украина, прогласена тревога
Масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е тревога низ целата земја. Експлозии во Харков, вториот по големина украински град со еден милион жители, ракети истрелани и кон регионот на Киев.
-
Свет 15.01.2025 08:37
Хамас го прифати договорот за прекин на огнот
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на десетици заложници. Според посредниците, Израел и палестинската милитантна група се на најблиската точка до склучување договор и чекор поблиску до ставање крај на 15-месечната војна.
-
Свет 14.01.2025 20:14
Вучиќ ја повика парламентарната опозиција да побара референдум за негова доверба
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја повика парламентарната опозиција да побара советодавен референдум за негова доверба по извештаите на невладината организацијата „Црта“ дека огромно мнозинство граѓани се за негова смена.
-
Свет 14.01.2025 19:40
Одложено судењето за отповикувањето на поранешниот јужнокорејски претседател
Уставниот суд на Јужна Кореја ја одложи првата седница на судењето за импичмент на суспендираниот претседател Јун Сук Јеол, откако спорниот лидер не се појави на суд.










