Десетици жртви и исчезнати по изобилните дождови што го зафатија најјужниот бразилски регион Рио Гранде до Сул. Најмалку 23 илјади луѓе се раселени.
-
Свет 04.05.2024 10:55
-
Свет 04.05.2024 10:51
Продолжуваат разговорите за примирје во Појасот Газа
Расте дипломатскиот притисок за итен прекин на војната на Блискиот Исток. Месечното посредување на Египет, Катар и САД меѓу Израел и Хамас се очекува да донесе позитивен исход. Во Каиро, делегација на Хамас ги продолжува разговорите за примирје во Појасот Газа.
-
Свет 03.05.2024 18:35
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди филипинските острови Лејте, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
Според ГФЗ, земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
-
Свет 03.05.2024 12:34
Одбележување и комеморација на годишнината од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ наречена „Будење“
Голем број граѓани, пријатели, роднини и родители на убиените деца утринава се собраа пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде им оддадоа почит на жртвите, запалија свеќи и се потпишаа во книгата на сеќавањето на деветмината убиени ученици и училишниот чувар пред точно една г
-
Свет 03.05.2024 12:18
Повреден десетици туристи во Анталија
Десетина британски државјани се повредени при судир на две возила во јужна Турција.
Инцидентот се случил во јужната провинција Анталија. Сите се туристи кои патувале во два сафари-возила.
-
Свет 03.05.2024 11:10
Хамас ги објави трите барања за ослободување на заложниците
Хамас ги објави трите барања за ослободување на заложниците – загарантиран крај на војната, непопречување во враќањето на палестинските затвореници на Западниот Брег и испорака на материјали за реконструкција на Газа. Конечниот одговор се очекува во Каиро.
-
Свет 03.05.2024 09:49
Израелската војска продолжува со нападите во Газа
Во израелски напад е погодена зграда на сириските безбедносни сили на периферијата на Дамаск, осум војници се повредени. Војската на Израел ги продолжи и нападите во Појасот Газа. Во Каиро се очекува конечниот одговор на Хамас.
-
Свет 03.05.2024 09:06
Избрана новата влада на Србија на чело со Милош Вучевиќ
Со 152 гласа „за“ и 61 „против“, српските пратеници ја изгласаа новата влада-четири и пол месеци по одржувањето на изборите.
-
Свет 03.05.2024 09:06
Расте бројот на загинати во поплавите на југот на Бразил
Над 30 лица го загубија животот, а десетици се водат за исчезнати во поплавите во јужен Бразил. Спасувачките екипи со хеликоптери ги извлекуваат луѓето заглавени на покривите од домовите. Околу 15 илјади жители се евакуирани.
-
Свет 03.05.2024 09:06
Русите напредуваат, Киев бара итна помош
Продолжуваат жестоките борби на истокот на Украина. Ситуацијата на фронтот се влошува-вели Киев, иако одбранбените линии сè уште се цврсти. Москва тврди дека напредува во правците на Авдиеевка, Очеретин и Часов Јар. Зеленски бара брза испорака на помошта.










