Денес на пладне во Белград, на Дедиње, со самострел нападнат е припадник на жандармеријата кој ја обезбедувал израелската амбасада, истиот бил погоден со стрела во вратот, но успеал во самоодбрана да употреби огнено оружје и да го убие напаѓачот.
Денес на пладне во Белград, на Дедиње, со самострел нападнат е припадник на жандармеријата кој ја обезбедувал израелската амбасада, истиот бил погоден со стрела во вратот, но успеал во самоодбрана да употреби огнено оружје и да го убие напаѓачот.
Тропската бура Берил денеска се формира во Атлантскиот океан и би можела да стане првиот ураган во годината пред да стигне до Карипското Море на почетокот на следната недела.
Метеоролошката служба на Барбадос рано утринава издаде предупредување за ураган за земјата.
Припадник на српската Жандармерија е застрелан со самострел во вратот пред амбасадата на Израел во Белград, пренесува Радио-телевизија Србија.
Земјотрес со сила од 6,1 степен, на длабочина од 19 километри го потресе Перу, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт. Епицентарот бил на 260 километри од градот Ика. Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди и Чиле.
Во напад со украинско беспилотно летало врз селото Горо-Дишече загинале пет лица, меѓу кои и две деца. Двајца се тешко повредени.
Повредените се префрлени во регионалната болница во Рилск. Селото се наоѓа недалеку од границата со Украина.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека Израел „не бара војна“ со Хезболах и дека се претпочита дипломатско решение, бидејќи ултрадесничарската партија „Отма Јехудит“ посочи дека ќе ја напушти владата, доколку Израел се повлече од започнувањето напад врз Хезболах.
Прв ТВ-дуел помеѓу претседателските кандидати Доналд Трамп и Џо Бајден. Претендентите за шеф на Белата куќа, за речиси сите домашни и меѓународни прашања презентираа различни ставови.
Обвинувања за војната во Украина, економската политика и имиграцијата.
Шефовите на држави и влади на земјите-членки во Брисел се договорија за распределба на водечките позиции во европските институции по изборите за Европскиот парламент.
Џо Бајден нема да се откаже од трката за нов претседателски мандат, изјави портпаролот на неговата кампања, Сет Шустер.
Жестока, прва ТВ-дебата помеѓу Џо Бајден и Доналд Трамп пред изборите во ноември. Двајцата кандидати за шеф на Белата куќа си разменија лавина меѓусебни обвинувања.