Кинеската лунарна сонда „Чанг-6“се врати на Земјата со првите примероци, некогаш собрани од темната страна на Месечината.
Според научниците, примероците би можеле да дадат клучни одговори, како се формирале планетите.
Кинеската лунарна сонда „Чанг-6“се врати на Земјата со првите примероци, некогаш собрани од темната страна на Месечината.
Според научниците, примероците би можеле да дадат клучни одговори, како се формирале планетите.
Европската унија официјално ги започнува пристапните преговори со Украина и Молдавија.
Европската комисија на 7-ми јуни препорача отворање на пристапните преговори со овие две земји и оцени дека тие се доволно подготвени за формално отворање на процесот кој ќе доведе до членство во ЕУ.
По 1.901 ден поминат во лондонскиот затвор „Белмарш“, познат по високото ниво на безбедност, основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж со кауција, ја напушти установата и се согласи на договор со американските власти за да може да биде ослободен и да се врати во родната Австралија.
Не стивнуваат нападите врз Украина. Жртви и повредени во руски напад на Покровск, а мета беше и Одеса. Украинскиот претседател Зеленски го разреши командантот на здружените сили.
САД и Европа предупредуваат на можноста за проширување на војната во Газа, по израелска офанзива во Либан против Хезболах, поддржана од Иран.
Пентагон соопшти дека Украина сама одлучува кои цели да ги погоди, откако Кремљ претходно директно ги обвини САД за напад на Крим, за кој Москва рече дека бил извршен со проектили АТАКМС доставени од Вашингтон. Најмалку четири лица загинаа, а 151 лице беа повредени во нападот.
Над 20 работници загинаа во силна експлозија во фабрика за литиумски батерии во Јужна Кореја по што избувна пожар. Повеќето од загинатите се кинески државјани.
Пожарот избувнал во изутрината откако серија батериски ќелии експлодирале во магацин со околу 35.000 единици.
Руските власти работат на утврдување на идентитетот и мотивите по координираните напади во два града во Дагестан, на Северен Кавказ.
САД во Јужна Кореја беа домаќини на медиумски ден на кој ги претставија борбените авиони AC-130 J во воздухопловната база во Осан. Ова беше втор пат воздухопловот да биде распореден на Корејскиот полуостров од март минатата година
Густ чад над различни области на јужен Либан, откако израелски напади ја погодија областа. Израелската армија соопшти дека борбени авиони погодиле воена структура на Хезболах во јужен Либан.