На две одвоени меѓувладини конференции во Луксембург, Европската унија почна преговори за членство со Молдавија и Украина. Двете земји станаа кандидатки кратко по руската инвазија во февруари 2022-ра година.
-
Свет 26.06.2024 10:45
-
Свет 26.06.2024 09:27
Жестоки битки во неколку правци во Украина
Украинските власти тврдат дека се интензивира руската офанзива. Жестоки битки во неколку правци. Киев и Москва објавија дека секоја страна ослободила по 90 воени затвореници. Размената беше посредувана од Обединетите Арапски Емирати.
-
Свет 26.06.2024 09:25
САД работат со меѓународните агенции за да го олеснат протокот на помош во Газа
Лидерот на Хамас вели дека нема договор за примирје и ослободување на заложниците доколку Израел не ги прекине сите операции во Појасот Газа.
-
Свет 26.06.2024 09:21
Запалени делови од парламентот во Кенија, има загинати и повредени
Најмалку пет лица загинаа, десетици се повредени, а делови од зградата на парламентот во Кенија беа запалени додека пратениците го усвојуваа законот за зголемување на даноците.
-
Свет 26.06.2024 09:16
Асанж по судењето замина за родната Австралија
Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, е на слободна откако се изјасни за виновен за добивање и објавување на воени тајни на САД како резултат на договор со обвинителите на американското Министерство за правда.
-
Свет 26.06.2024 09:05
Вучиќ и Курти на средба во Брисел
Српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти на средба во Брисел како дел од дијалогот за нормализација на односите. Средбата се одржува во момент кога истекува мандатот на европските претставници кои речиси пет години се ангажирани во дијалогот меѓу Белград-Приштина.
-
Свет 25.06.2024 21:26
Не стивнуваат нападите меѓу Киев и Москва, Украина започна преговори за пристапување во ЕУ
Не стивнуваат нападите врз Украина и битката со беспилотни летала меѓу Киев и Москва. И двете страни јавуваат за жртви и повредени.
Претседателот Зеленски го разреши командантот на здружените сили. Европската унија официјално ги почнува пристапните преговори со Украина и Молдавија.
-
Свет 25.06.2024 18:40
НАТО в среда формално ќе го назначи Руте за следен шеф
НАТО официјално ќе го именува холандскиот премиер во заминување Марк Руте за нов шеф на Алијансата в среда, откако амбасадорите од сите 32 земји-членки одобрија негово назначување.
-
Свет 25.06.2024 12:17
Кинеската лунарна сонда донесе примероци од темната страна на Месечината
Кинеската лунарна сонда „Чанг-6“се врати на Земјата со првите примероци, некогаш собрани од темната страна на Месечината.
Според научниците, примероците би можеле да дадат клучни одговори, како се формирале планетите.
-
Свет 25.06.2024 10:20
ЕУ ги започнува пристапните преговори со Украина и Молдавија
Европската унија официјално ги започнува пристапните преговори со Украина и Молдавија.
Европската комисија на 7-ми јуни препорача отворање на пристапните преговори со овие две земји и оцени дека тие се доволно подготвени за формално отворање на процесот кој ќе доведе до членство во ЕУ.










