Четворицата водачи на ОВК добија вкупно 81 година затвор. Хашкиот трибунал го осуди поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи на 25 години затвор. Тој е прогласен за виновен по четири точки од обвинението за воени злосторства извршени за време на војната од 1998-1999.
-
Свет 16.09.2026 14:55
-
Свет 16.09.2026 13:07
Хашим Тачи осуден на 25 години затвор за воени злосторства во Косово
Поранешниот лидер на ОВК и претседател на Косово, Хашим Тачи, е прогласен за виновен за воени злосторства и во Хаг е осуден на единствена казна од 25 години затвор.
-
Свет 16.09.2026 12:51
Фон дер Лајен ја покани Канада да стане прва придружна членка на ЕУ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи Канада да стане првата придружна членка на Европската Унија, како нов облик на партнерство што не би значел полноправно членство. Предлогот го упати до канадскиот премиер Марк Карни во Европскиот парламент во Стразбур.
-
Свет 16.09.2026 12:41
Зеленски ја отфрли идејата за решение на војната од типот „победа за двете страни“
Полска го затвори воздушниот простор на земјата поради закани од руски дронови кои дејствуваат во соседна Украина. Украинскиот претседател тврди дека руските сили во последните недели двапати се обиделе да го нападнат неговиот авион со беспилотни летала.
-
Свет 16.09.2026 12:01
Ескалираат состојбите на Блискиот Исток
Ескалираат состојбите на Блискиот Исток. Саудиската противвоздушна одбрана тврди дека пресретнала и уништила дрон на Хутите јужно од Мека. Јеменските Хути ги отфрлија тврдењата и објавија дека Ријад извршил повеќе од 450 воздушни напади во Јемен, предизвикувајќи цивилни жртви.
-
Свет 16.09.2026 11:05
Во Косово големи собири пред изрекување на хашката пресуда за поранешните водачи на ОВК
Во Приштина и другите градови во Косово големи собири пред изрекување на хашката пресуда за поранешните водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи.
-
Свет 15.09.2026 20:45
Новите тензии ја вивнаа цената на нафтата
Повторниот раст на тензиите на Блискиот Исток ги вивна светските берзи. Цената на нафтата руши рекорди, откако Иран постави ултиматум - нема преговори сè до целосното исполнување на нивните барања. Одложен е и состанокот за Ормускиот Теснец, што требаше да се одржи во Оман.
-
Свет 15.09.2026 18:35
И покрај договорот за воздржаност, продолжуваат руско-украинските напади
Ден откако Трамп објави дека Киев и Москва се согласиле да ги запрат ударите врз енергетската инфраструктура, двете страни пријавуваат нови напади и зголемена воена активност. Зеленски е подготвен на воздржаност, но бара гаранции дека Москва ќе го почитува договорот.
-
Свет 15.09.2026 15:53
САД потврдија дека имаат оружени системи во орбитата
САД за првпат јавно потврдија дека имаат распоредено оружени системи во орбитата.
Американските вселенски сили велат дека станува збор за способности за „контрола на вселената“, кои можат да се користат и офанзивно и одбранбено.
-
Свет 15.09.2026 12:57
Вашингтон го засилува притисокот врз Техеран
САД и Иран сигнализираа отвореност за обновување на преговорите, но Вашингтон паралелно го засилува притисокот врз Техеран.









