Ербас А320 слета принудно во југозападниот сибирски регион Новосибирск. На летот биле 167 луѓе, вклучувајќи шестмина членови на екипажот и 23 деца. Сите се евакуирани.
-
Свет 12.09.2023 08:53
-
Свет 12.09.2023 08:53
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун пристигна во Русија
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун пристигна во Русија. Предвидена е средба со претседателот Владимир Путин во Владивосток, бидејќи шефот на Кремљ е веќе таму на меѓународниот форум кој трае до среда. Тој претходно се сретна со заменик-премиерот на државниот совет на Кин Жанг Гуокинг.
-
Свет 11.09.2023 21:00
Шестмина загинати во пукање во Грција
Шестмина загинати во пукотници во Артемида, Грција. Петмина се пронајдени во автомобил со германски регистрации, додека шестото лице било во непосредна близина. Полицијата трага по сторителите кои се движат со мотор и црн автомобил.
-
Свет 11.09.2023 20:24
Килауеа, најактивниот вулкан на Хаваите, повторно почна да еруптира
По тримесечна пасивност повторно се активираше вулканот Килауеа. Според опсерваторијата, ерупцијата достигнала височина и од 152 метра.
Засега не е регистриран опасност за жителите на околните места.
-
Свет 11.09.2023 17:41
Гроси изрази загриженост за постојаните артилериски напади во близина на нуклеарната централа во Запорожје
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси изрази загриженост за постојаните артилериски напади во близина на нуклеарната централа во Запорожје.
-
Свет 11.09.2023 17:04
САД: 22 години од терористичкиот напад на 11-ти септември
САД одбележуваат 22 години од терористичките напади на Светскиот трговски центар. На 11-ти септември 2001 година, 19 припадници на Ал Каеда – повеќето од Саудиска Арабија – киднапираа четири патнички авиони.
-
Свет 11.09.2023 14:50
Невремето од Грција се префли во Либија
Од Грција, ураганот Даниел се префрли во Либија каде што предизвика поплави.
Поројните дождови ги блокираа улиците и домовите. Урнати се многу дрвја во Бенгази.
Брзината на ветрот достигна 70 км на час.
-
Свет 11.09.2023 14:49
Кремљ потврди Путин ќе се сретне со Ким Џонг-Ун
Кремљ потврди – севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ќе ја посети Русија во наредните неколку дена.
-
Свет 11.09.2023 12:43
Трка со времето за спасување на настраданите по земјотресот во Мароко
Трета ноќ по ред во Маракеш по земјотресот луѓето спијат надвор. Војниците и меѓународните хуманитарни тимови со камиони и хеликоптери влегуваат во оддалечените планински градови погодени од историски земјотрес. Постојано расте бројот на загинати.
-
Свет 11.09.2023 11:28
Бројот на жртви во Грција се искачи на 15 лица
Бројот на загинати по разорните поплави во Грција минатата недела се искачи на 15. Спасувачките служби извлекоа четири тела од регионот на Тесалија.










