Индискиот премиер Моди во Џакарта на Самитот на лидерите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија. Меѓу главните теми кризата во Мјанмар и тензиите во Јужното Кинеско Море. Присуствуваат лидерите на источноазиските земји, заедно со САД, Русија и Индија.
-
Свет 07.09.2023 12:54
-
Свет 07.09.2023 10:22
Лансирана ракета за истражување на потеклото на универзумот
Јапонија лансираше ракета со мал лендер на месечината и телескоп со рендген, кој ќе го истражува потеклото на универзумот. Ракетата ќе пушти во орбитата околу земјата сателит, кој ќе ја мери брзината и составот на она што се наоѓа помеѓу галаксиите.
-
Свет 07.09.2023 10:18
Мексико: Декриминализација на абортусот
Врховниот суд на Мексико ги отфрли сите федерални кривични казни за абортус. Пресуди дека националните закони кои ја забрануваат постапката се неуставни и ги кршат правата на жените.
-
Свет 07.09.2023 10:11
Индискиот премиер Моди на средба со лидерите на Југоисточна Азија
Индискиот премиер, Нарендра Моди, пристигна во Џакарта на самитот на лидерите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија. Самитот се одржува во услови на зголемена тензија околу Јужното Кинеско Море, откако Пекинг објави нова мапа која ги нагласува територијални претензии.
-
Свет 07.09.2023 10:11
Муниција со осиромашен ураниум од САД за Украина, реакција од Русија
САД најави дека Украина ќе добие муниција со осиромашен ураниум за американските тенкови „Абрамс“.
Жестока реакција од Русија, го оцени како „јасен знак на нечовечност“. Рече дека руската армија ќе продолжи со систематско уништување на оружјето за Украина.
-
Свет 06.09.2023 19:53
Словачка распоредува 500 војници за да го контролира приливот на мигранти од Унгарија
Словачка ќе распореди до 500 војници за да и помогне на полицијата да го контролира зголемениот проток на мигранти кои доаѓаат преку границата од Унгарија, изјави денеска словачкиот премиер Људовит Одор.
-
Свет 06.09.2023 14:49
Десетици загинати во тропски циклон во Бразил
Над 20 лица загинаа како последица на тропскиот циклон што го зафати јужниот дел на Бразил.
Прогласена е вонредна состојба во повеќе од 20 градови, а 15.000 луѓе се евакуирани.
-
Свет 06.09.2023 14:08
Блинкен во ненајавена посета на Киев
Американскиот државен секретар Блинкен во ненајавена посета на Киев на средби со клучни официјални лица на Украина, меѓу ниви претседателот Зеленски и министерот за надворешни работи Кулеба.
-
Свет 06.09.2023 12:18
Училиштата во Франција вратија дома десетици девојчиња поради носење на абаи
Француските училишта вратија дома десетици девојчиња поради носење на традиционална муслиманска облека.
-
Свет 06.09.2023 12:18
Изречена е најтешката казна за нападот во американскиот Конгрес во 2021 година
Изречена е најтешката казна за нападот во американскиот Конгрес во 2021 година. Поранешниот лидер на американската екстремно десничарска група „Горди момчиња“, Енрике Тарио е осуден на 22 години затвор. Минатата недела беа осудени уште четворица членови на групата.










