Повеќе од 2.000 луѓе загинаа во силниот земјотрес го погоди Мароко. Планинската провинција Хаузе претрпе значителна штета во земјотресот со јачина од 6,8 степени, најсилниот што ја погодил северноафриканската земја во последните 120 години.
-
Свет 10.09.2023 09:51
-
Свет 09.09.2023 15:15
Путин гласаше онлајн на локалните избори
Рускиот претседател Путин гласаше преку интернет на локалните избори во земјата. Руските власти оваа недела одржуваат локални избори и во регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, заедно со десетици руски региони кои избираат локални гувернери и законодавци.
-
Свет 09.09.2023 13:22
Обраќање на Трамп на митингот во Јужна Дакота
Поранешниот американски претседател Трамп се обрати на митинг во Јужна Дакота, откако беше поддржан од гувернерката Кристи Ноем. Јужна Дакота одржува доцни прелиминарни избори и не е конкурентна држава за општи избори.
-
Свет 09.09.2023 13:07
Состанокот на Г20 помина во знакот на поддршка на Украина
Состанокот на најмоќните економии во светот, Г20 во Њу Делхи без лидерите на Кина и Русија. Можноста ја искористи американскиот претседател Бајден да притисне за помош на Украина и за инвестицискиот план во странство што и парира на кинеската експанзија.
-
Свет 09.09.2023 12:48
Во Мароко катастрофален земјотрес, над 800 загинати
Стотици загинати и повредени во земјотрес од 6,8 степени во Мароко.
Најмногу штета и смртни случаи има во тешко достапните планински области.
-
Свет 09.09.2023 10:04
Стотици загинати во катастрофален земјотрес во Мароко
Стотици лица загинати и повредени во земјотрес од 6,8 степени во Мароко. Најмногу штета и смртни случаи има во тешко достапните планински области.
-
Свет 09.09.2023 09:57
Жртви и материјална штета во поплави во Хонгконг
Дождот во Хонгконг и Јужна Кина ги поплави градските улици и некои станици на метрото. Две лица загинаа, а стотина биле повредени
-
Свет 09.09.2023 09:56
Зеленски: Западот да ги засили санкциите против Русија
Украинскиот претседател зеленски изјави дека „светската офанзива на санкции мора да продолжи“.
Тој рече дека се гледа продолжена пауза на санкциите од партнерите и активни обиди на Русија да ги заобиколи санкциите.
-
Свет 09.09.2023 09:46
Самит на Г20
Африканската унија доби статус на постојан член во групата 20 светски економии. Индискиот премиер Моди рече дека Индија сака да му даде поголем глас на глобалниот југ како домаќин на Самитот годинава.
-
Свет 08.09.2023 12:34
Локални избори во окупираните украински области, борбите на фронтот продолжуваат
Во Русија се одржуваат локални избори. Распишани се и во четирите украински области кои Москва ги смета за своја територија. Гласањето во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје ќе трае до недела. Американскиот државен секретар Блинкен ги оцени како лажни избори во нелегитимни окупирани области.










