• Свет 09.09.2023 09:46

    Самит на Г20

    Африканската унија доби статус на постојан член во групата 20 светски економии. Индискиот премиер Моди рече дека Индија сака да му даде поголем глас на глобалниот југ како домаќин на Самитот годинава.

  • Свет 08.09.2023 12:34

    Локални избори во окупираните украински области, борбите на фронтот продолжуваат

    Во Русија се одржуваат локални избори. Распишани се и во четирите украински области кои Москва ги смета за своја територија. Гласањето во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје ќе трае до недела. Американскиот државен секретар Блинкен ги оцени како лажни избори во нелегитимни окупирани области.

  • Свет 08.09.2023 11:16

    ФБИ: Тероризмот, Кина и Иран меѓу главните закани за САД

    Тероризмот, Кина и Иран меѓу главните закани за САД – предупреди шефот на Федереалното истражно биро Кристофер Реј.

    Тој појасни дека ФБИ не истражува идеологии, верувања и реторика, но реагира брзо доколку истите се претворат во насилство или обиди за вршење напади.

  • Свет 08.09.2023 11:02

    Локални избори во Русија и во окупираните области од Украина

    Во Русија се одржуваат локални избори. Распишани се и во четирите украински области кои Москва ги смета за своја територија.

  • Свет 08.09.2023 10:35

    Поројни дождови во Хонгконг, поплавени улици и метро- станици

    Поплавени улици, подземни паркинзи и метро-станици по поројните дождови во Хонгконг. Во прекин се транспортните услуги, како и наставата во училиштата.

    Властите ги советуваа граѓаните да не излегуваат надвор доколку тоа не е неопходно.

  • Свет 08.09.2023 10:23

    Расте бројот на загинати во невремето во Грција

    Се зголеми бројот на загинати во невремето во Грција. Неколкумина се исчезнати во поплавите предизвикани од поројните дождови во повеќе делови од земјата.

    Поплавени се цели села откако нивото на водата на големите реки се зголеми драстично.

  • Свет 07.09.2023 19:26

    Спречен влез на над 600 мигранти во Хрватска

    Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ денеска изјави дека синоќа околу 600 мигранти биле спречени да влезат во Хрватска, оценувајќи дека тоа е невиден број.

  • Свет 07.09.2023 18:01

    Блинкен: Извонредна е издржливоста на украинскиот народ

    Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој е во посета на Украина, денеска ги пофали украинските сили за нивната издржливост во воениот конфликт со Русија. Тој беше во посета на украинскиот регион Чернигов, кој беше окупиран од Москва во 2022 година, на почетокот на војната.

  • Свет 07.09.2023 14:19

    Воената хунта го ослободи Али Бонго од домашен притвор

    Хунтата на Габон соопшти дека протераниот претседател Али Бонго е ослободен од домашен притвор. Дозволено му е да замине во странство на медицински преглед.

  • Свет 07.09.2023 14:14

    Четврта жртва од невремето во Грција

    Спасувачките екипи во близина на градот Домокос во централна Грција извлекоа безживотно тело на маж – четвртата жртва во невремето „Даниел“.

Pages