Семејството на убиениот кандидат за претседател на Еквадор, Фернандо Вилависенсио објави дека ќе ја тужи еквадорската влада за намерен пропуст.
-
Свет 19.08.2023 10:02
-
Свет 19.08.2023 09:57
Нови напади меѓу Русија и Украина
Русија објави дека е соборен дрон над Крим. Украина пак урнала 15 летала „Шахед“. Нема информации за жртви.
-
Свет 18.08.2023 12:55
Повторно соборен дрон над Москва
Остатоци од украинско беспилотно летало удриле во зграда во центарот на Москва. Руската противвоздушна одбрана го соборила дронот. Немало настрадани во нападот кој на кратко го прекинал воздушниот сообраќај на цивилните аеродроми во руската престолнина.
-
Свет 18.08.2023 12:36
Пожари на островот Суматра
Пожарникарите се борат со пожарите на островот Суматра, во Индонезија, во близина на густо населена област. Напорите ги попречува ограничената опрема за гаснење пожар. Најблискиот извор на вода е на околу еден час од локацијата на пожарот, во провинцијата јужна Суматра.
-
Свет 18.08.2023 12:30
ЕКОВАС во Гана разговараа за кризата во Нигер
Шефовите на одбраната од западноафриканскиот регионален блок, ЕКОВАС, во Гана разговараа за кризата во Нигер, откако истече рокот за бунтовничките војници да го ослободат и да го вратат претседателот Базум или ќе се соочат со воена интервенција.
-
Свет 18.08.2023 12:27
Се проценува штетата од шумските пожари на Хаваи
Хаваи ја проценува штетата од шумските пожари во Мауи. Бројот на загинати во катастрофата се искачи на 111.
-
Свет 18.08.2023 11:20
СЗО ја следи новата варијанта на Ковид
Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, за која моментално е непознато потенцијалното значење на бројните мутации.
-
Свет 18.08.2023 10:37
Вучиќ: Политиката за „создавање Голема Албанија“ е процес што Курти ќе го продолжи
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека политиката за „создавање Голема Албанија“ е процес што ќе продолжи и дека косовскиот премиер Албин Курти нема да застане.
-
Свет 18.08.2023 08:49
Шефот за итни случаи во Мауи поднесе оставка по критиките за предупредување од шумскиот пожар
Директорот на Агенцијата за вонредни состојби во Мауи, Херман Андаја денеска поднесе оставка, еден ден откако изјави дека не жали што не користел сирени за да ги предупреди жителите за шумскиот пожар во кој загинаа најмалку 111 луѓе.
-
Свет 17.08.2023 18:01
Обвинителството предложи судење на Трамп на 4-ти март
Обвинителство во Џорџија предложи на Трамп да му се суди на четврти март, во ек на претседателската кампања и номинација на републиканците за следните претседателски избори.










