• Свет 16.08.2023 18:39

    Северна Кореја се огласи за пребеганиот американски војник

    Пјонг Јанг објави дека американскиот војник Тревис Кинг, стигнал на нивната територија изминатиот месец поради малтретирање и расна дискриминација во војската. Според државната севернокорејска агенција, 23-годишниот војник признал дека нелегално влегол во земјата.

  • Свет 16.08.2023 17:35

    Загинати и повредени во судирите меѓу ривалски фракции во Либија

    Во судирите меѓу ривалските милиции во главниот град на Либија загинаа најмалку 27 лица, десетици се повредени. Жителите останаа заробени во нивните домови.

  • Свет 16.08.2023 14:49

    Над 100 загинати во катастрофалните пожари во Мауи

    Федералните власти на САД испратија судски лекари, патолози и техничари на Хаваи за да помогнат во идентификација на загинатите. Округот Мауи ги објави првите имиња на жртвите во шумскиот пожар, што пред една недела го опустоши историскиот град Лахаина.

  • Свет 16.08.2023 12:58

    Нови напади врз руски позиции

    Украинските сили повторно нападнаа руски позиции. Минатиот месец ескалираа битките во областа Лиман. Артилериските единици биле распоредени деноноќно за да го одбијат напредувањето на Москва. Властите се пожалија дека брзо им снемува муниција.

  • Свет 16.08.2023 11:53

    Расте бројот на загинати во шумските пожари во Хаваи

    Бројот на загинати во шумските пожари во Хаваи расте, има над 100 жртви,  вели гувернерот Грин. Вели дека разговарал со претседателот Бајден,  а тој најавил дека ќе ја посети државата кога ќе биде сигурен дека нема да го наруши закрепнувањето.

  • Свет 16.08.2023 09:31

    Парагвај: Сантијаго Пења положи заклетва како нов претседател

    Сантијаго Пења положи заклетва како нов претседател на јужноамериканската земја Парагвај. Пења лесно победи на изборите претходно годинава, задржувајќи ја долго-владејачката партија на власт уште пет години.

  • Свет 16.08.2023 09:23

    Зеленски во посета на војниците во Запорожје

    Украинскиот претседател Зеленски за време на посета на Запорожје, се сретна со борбени бригади и со повредени војници во болница. Ги пофали за нивните достигнувања во борбата против Русија.

  • Свет 16.08.2023 09:04

    Бајден: Ќе отпатувам на Хаваите што е можно поскоро

    Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе отпатува на Хаваите „што е можно поскоро“, по критиките за неговиот одговор на смртоносните шумски пожари на островот во кои загинаа повеќе од 100 луѓе.

  • Свет 15.08.2023 15:26

    Гонзалес ја продолжува кампањата по убиството на трет кандидат

    Фаворитот на претседателските избори во Еквадор, Луиза Гонзалес, рече дека ќе ја продолжи својата кампања со зголемено обезбедување, откако беше потврдено убиството на трет политичар за време на претседателската трка.

  • Свет 15.08.2023 14:30

    Хаваи: Се очекува бројот на жртви во пожарите да расте

    Стотина луѓе загинаа во шумските пожари во Мауи. Се очекува тој број да порасне додека екипите за пребарување трагаат по преживеани низ населбите, каде што огнот се разгоруваше со неверојатна брзина. Над 1.000 лица се водат како исчезнати.

Pages