Приштина продолжува да го блокира преминувањето на возила со српски регистрации преку административните контролни пунктови. Оклопни возила во текот на ноќта патролираа на северот.
-
Свет 17.06.2023 10:10
-
Свет 16.06.2023 14:55
Во ракетен напад на Киев уништени куќи, има и жртви
Нов руски напад врз киевската област. Оштетени и уништени куќи, има и жртви. Украина се фали дека нејзините трупи имаат успеси во контраофанзивата на југот и на истокот на земјата.
-
Свет 16.06.2023 12:28
Состојбата на северот на Косово тензична
Повторно тензии на северот на Косово. Според регионалната полиција, во текот на ноќта биле регистрирани експлозии во близина на станиците во Звечан и Митровица. Во инцидентот во кој веројатно се користеле шок-бомби нема повредени, но бил оштетен автомобил. Во тек е истрага.
-
Свет 16.06.2023 12:02
Девет дена по операцијата, Папата Франциск ја напушти болницат
Папата Франциск ја напушти болницата, девет дена по операцијата на абдоменот.
Поглаварот на Римокатоличката црква беше изнесен во инвалидска количка. Тој изјавил дека е доволно здрав за да патува.
-
Свет 16.06.2023 11:50
САД со критика до Северна Кореја поради истреланите проектили
САД со критика до Северна Кореја поради двата проектила кои ги истрела од источниот брег. Лансирањето следува по петата рунда вежби на војските под команда на Вашингтон и Сеул во близина на Корејскиот Полуостров.
-
Свет 16.06.2023 11:48
Поплави во Србија, вонредна состојба во триесетина градови
Вонредна состојба во триесетина градови и општини поради поплавите во Србија. Се евакуира дел од населението во погодени подрачја. Оштетен е мостот на Ибарската магистрала во местото Адрани кај Краљево, така што дел од автопатот кон Чачак е во прекин.
-
Свет 16.06.2023 10:12
Куба и Иран против политиката на САД
Претседателите на Иран и Куба, Мигел Дијаз-Канел и Ебрахим Раиси, на средбата во Хавана ветија дека заеднички ќе се спротивстават на, како што велат, „агресивната империјалистичка политика“ на САД.
-
Свет 16.06.2023 10:06
Смртоносно торнадо во Tексас
Тројца загинати и десетици повредени во торнадото што го погоди Перитон, Тексас. Уништени се многу куќи, а 50 илјади домови останаа без електрична енергија, вклучувајќи и повеќе домаќинства во Оклахома.
-
Свет 16.06.2023 10:02
Жртви во сообраќајна несреќа во близина на Карбери
Жртви и повредени во сообраќајна несреќа во близина Карбери, во канадската провинција Манитоба. Камион со приколка се судрил со автобус кој превезувал претежно повозрасни патници.
Во спасувачката интервенција се вклучи и авионска лекарска помош.
-
Свет 16.06.2023 09:52
Конвој на МААЕ запрен поради неколкуминутно пукање
Киев тврди, а Русија демантира дека украинската контраофанзива на истокот и југот од земјата напредува, при што е вратена контролата над 100 квадратни километри во Доњецката и Запорошката област. Конвојот на МААЕ, кој е во посета на нуклеарната централа, бил запрен поради пукање.










