• Свет 14.08.2023 11:32

    Пожарите на Хаваи добиваат катастрофален размер, расте бројот на загинати

    Некогашниот рајски град на Хаваи, Лахаина, сега е крематориум. Екипи на терен се пробиваат низ јагленосаните објекти во потрага по тела. Досега се потврдени околу 100 смртни случаи. Црниот биланс се очекува да расте. Пребаран е само мал дел од уништениот град.

  • Свет 14.08.2023 08:58

    Северна Кореја го зголемува производството на проектили

    Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун нареди драстично зголемување на производството на проектили и муниција за да може земјата да добие „доминантна воена моќ“ и да биде подготвена за војна. Одлуката следи по најавата на САД и Јужна Кореја за одржување на заеднички воени вежби наредната недела.

  • Свет 14.08.2023 08:43

    Хаваи: Расте бројот на жртви од пожарите

    Бројот на загинати во шумските пожари во Мауи се искачи на 93. Се очекува овој црн биланс и натаму да расте. Екипи на терен се пробиваат низ јагленосаните објекти во потрага по тела.

  • Свет 14.08.2023 08:20

    Нови руски гранатирања во Украина

    Најмалку три лица се повредени откако украинската противвоздушна одбрана спречила налет на руски воздушни напади врз пристанишниот град Одеса. Цел на непријателот-повторно цивилна инфраструктура, обвинуваат властите. Оштетени се студентски дом и супермаркет.

  • Свет 13.08.2023 13:19

    Грин: Бројот на загинати во пожарите ќе расте

    Гувернерот на Хаваите Џош Грин изјави дека бројот на жртвите од шумските пожари ќе расте. Ги опиша пожарите како најлошата природна катастрофа во историјата на Хаваите, надминувајќи го цунамито од 1960 година во кое загинаа 61 лице.

  • Свет 13.08.2023 09:52

    Митинг против правната ревизија на Нетанјаху

    Илјадници Израелци се собраа во Тел Авив против плановите на владата на премиерот Нетанјаху за ремонт на судскиот систем. Дел од демонстрантите ги блокираа главните патишта во Тел Авив, а полицијата употреби сила за да ги растера.

  • Свет 13.08.2023 09:51

    Бројот на загинати во пожарите на Хаваи расте

    Гувернерот на Хаваите Џош Грин изјави дека бројот на жртвите од шумските пожари ќе расте. Ги опиша пожарите како најлошата природна катастрофа во историјата на Хаваите, надминувајќи го цунамито од 1960 година во кое загинаа 61 лице.

  • Свет 13.08.2023 09:50

    Зеленски: Нашиот тим продолжува да работи

    Украинскиот претседател Зеленски им се заблагодари на многу нации кои застанаа зад Киев во борбата против руската агресија.

  • Свет 13.08.2023 09:46

    Жителите на Нијамеј повикуваат на мир

    Жителите на Нијамеј повикаа на мир додека продолжуваат да ескалираат тензиите меѓу новиот воен режим на Нигер и западноафриканскиот регионален блок кој нареди распоредување војници за да се врати нигериската демократија.

  • Свет 12.08.2023 18:56

    Бдеење за убиениот кандидат Виљависенсио

    Убиениот еквадорски политичар Фернандо Виљависенсио беше јавно одликуван во Конгресниот центар во главниот град, при што се собраа стотици ожалостени поддржувачи.

Pages