Топлотен бран во Кина. Властите во загрозените подрачја презедоа мерки за заштита на работниците на отворено и за непрекинато и стабилно снабдување со вода за време на летната сезона.
Во северниот дел е прогласена црвена тревога.
Топлотен бран во Кина. Властите во загрозените подрачја презедоа мерки за заштита на работниците на отворено и за непрекинато и стабилно снабдување со вода за време на летната сезона.
Во северниот дел е прогласена црвена тревога.
Десетици демонстранти го блокираа сообраќајот во Тел Авив поради протестот против владините планови за промена на правосудниот систем. На одредени локации дојде и до судир со полицијата.
Шефот на паравојската Вагнер, Пригожин и неговите трупи се повлекоа од Русија. Кремљ претходно објави дека е постигнат договор според кој Пригожин заминува во соседна Белорусија и не подлежи на судење поради наредбата за марш до Москва.
Втор круг од парламентарните избори во Грција. Гласачките места се отворени од 7 до 19 часот кога се очекуваат и првите резултати.
Москва воведе антитерористички мерки, Кремљ бара апсење на шефот на паравојската Вагнер поради заканите за блокада на главниот град и на Ростов, но и за бунт против руското Министерство за одбрана поради наводен обид за ракетен напад врз воените кампови на групата во Украина.
Палестинец отвори оган кон израелски воен контролен пункт на Западен брег пред да биде застрелан и убиен. Во вооружената пресметка се повредени и двајца припадници на обезбедувањето.
Продолжуваат спасувачките операции во кинескиот град Гужоу поради поплавите предизвикани од поројните дождови. Меѓу последните спасени е двојка која била заробена во автомобил.
Последни митинзи на кандидатите на Грција пред парламентарните избори в недела. Алексис Ципрас кој ја предводи Сириза одржа собир во Солун. Неговиот опонент Мицотакис – на плоштадот Синтагма. Лидерот на Сириза порача дека продолжува борбата за демократија и правда.
Регионалните власти на Киев соопштија за повредени лица во напад со проектил врз повеќекатница во украинскиот главен град. Воздухопловните сили пресретнале над 20 руски ракети испалени кон престолнината.
Петтемина патници во исчезнатата подморница „Титан“ најверојатно загинаа, соопшти компанијата „Оушнгејт“, по пронаоѓањето на остатоците во близина на бродот „Титаник“.