Првомајски протести во многу држави. Најжестоко во Франција, каде што синдикатите повторно излегоа на улица против пензиската реформа на претседателот Макрон и покачувањето на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
-
Свет 01.05.2023 18:00
-
Свет 01.05.2023 13:20
Нов руски ракетен напад во Украина
Русија изврши нова серија ракетни и артилериски напади врз Украина, втора во последниве три дена. Една од главните цели бил градот Павлогорад, на околу 110 километри од линијата на фронтот. Има загинати и повредени цивили. Оштетени се висококатници и куќи, училишта, градинки и продавници.
-
Свет 01.05.2023 09:53
Пукано врз турски авион за евакуација во Судан
Турското Министерство за одбрана потврди дека е пукано врз авион кој слета на аеродром во Судан, но дека нема повредени.
Авионот бил во мисија да ги евакуира турските граѓани заглавени во Судан.
-
Свет 01.05.2023 09:42
Ватикан во тајна мисија за мир во Украина
Ватикан е вклучен во тајна мировна мисија во Украина, во обид да се стави крај на конфликтот меѓу Украина и Русија. Папата изјави дека во тек е тајна мисија.
-
Свет 01.05.2023 09:08
Украинското жито може во ЕУ
Брисел најави договор за увоз на украински житарки, што, како што вели, ја штити украинската економија и егзистенцијата на земјоделците од Европската унија.
-
Свет 30.04.2023 15:50
„Вагнер“ се закани со повлекување од Бахмут
Командантот на руската платеничка група „Вагнер“ се закани дека ќе се повлече од Бахмут, украинскиот град кој русите со месеци го напаѓаат, откако беспилотно летало запали резервоари со нафта на Крим.
-
Свет 30.04.2023 13:10
Се преврте српски автобус со 55 патници во Унгарија
Автобус со српски регистерски таблички паднал во канал меѓу Кишкунхалаш и Пирт во Унгарија. Во возилото патувале 55 лица, двајца возачи, а меѓу сопатниците имало и две деца. Дванаесет лица се префрлени во болница.
-
Свет 30.04.2023 10:29
Во Турција проработе нуклеарната централа Акују
Турција се здоби со статус на земја која може да се пофали со нуклеарна енергија. Нејзината прва нуклеарна централа Акују ја доби почетната серија нуклеарно гориво.
-
Свет 30.04.2023 10:11
САД: Кина да прекине со „опасните активности“
САД ја повикаа Кина да прекине со „провокативната и опасна“ акција во водите на Јужното кинеско море, откако неодамна беше избегнат судир меѓу брод на кинеската крајбрежна стража и филипински брод.
-
Свет 30.04.2023 09:27
Командантот на „Вагнер“ се закани дека ќе се повлече од Бахмут
Командантот на руската платеничка група „Вагнер“ се закани дека ќе се повлече од Бахмут, украинскиот град кој русите со месеци го напаѓаат, откако беспилотно летало запали резервоари со нафта на Крим.









