Четири лица се хоспитализирани во Нов Зеланд откако маж со секира нападна гости во кинески ресторани. 24-годишниот осомничен е уапсен.
Во тек е истрага за мотивот за нападот.
Четири лица се хоспитализирани во Нов Зеланд откако маж со секира нападна гости во кинески ресторани. 24-годишниот осомничен е уапсен.
Во тек е истрага за мотивот за нападот.
Киев предупреди – најголемиот удар во украинската контраофанзива допрва следува, но операцијата е тешка бидејќи Русија прави се за да ја запре. Напади се регистрирани во Киев, Запорожје и Лавов.
Американскиот претседател Џо Бајден верува дека односите со Кина се на добар пат. Додава дека е постигнат и напредок за време на посетата на државниот секретар Ентони Блинкен на Пекинг.
Блокади на патот Косовска Митровица-Рашка. Уапсен е уште еден Србин. Шефот на европската дипломатија Борел ги повика српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти на вонреден состанок в четврток.
Американскиот државен секретар, Блинкен, во дипломатска мисија во Пекинг во обид да ја намали напнатоста меѓу двете земји. На средбата со кинескиот претседател истакната важноста од дијалог.
Мирен протест на Србите во Лепосавиќ на северот на Косово. Бараат ослободување на лицето, уапсено поради нападот на косовска медиумска екипа и ослободување на тројцата Срби, уапсени поради нападите на припадниците на КФОР. Освен во Лепосавиќ, протести се одржаа и во северна Митровица.
Израелски војници убиле тројца Палестинци, меѓу кои и малолетник, а раниле најмалку 29 лица во вооружен судир на улиците на градот Џенин, на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Во борбите биле користени и израелски напаѓачки хеликоптери.
Членот на Политичкото биро на Централниот комитет на ККП и Директорот на Канцеларијата на Централната комисија за надворешни работи, Ванг Ји, денес се сретна со државниот секретар на САД, Антони Блинкен во Пекинг.
Во Белгија ќе бидат уништени околу осум милиони дози од вакцините против Ковид-19 на „Модерна“ и „Фајзер“, објавија локалните медиуми, цитирајќи изјава на министерот за здравство Франк Ванденбрук.