• Свет 13.05.2026 19:22

    САД и Кина со нова рунда разговори за Иран и економијата

    Американскиот претседател Трамп пристигна во Пекинг на разговори со кинескиот колега Џинпинг, во време на зголемени тензии околу Иран и Ормускиот теснец. Во фокусот, трговските односи, Тајван и глобалната безбедност, како и кризата на Блискиот Исток.

  • Свет 13.05.2026 11:40

    Во Пекинг средба Трамп – Си Џинпинг, во фокусот трговијата и Иран

    Во време на зголемени геополитички тензии поврзани со војната во Иран и нарушувањата во Ормускиот теснец, американскиот претседател Трамп во Пекинг на разговори со кинескиот лидер Џјинпинг.

  • Свет 13.05.2026 10:56

    Хантавирус: Лекари во карантин, Французинка се бори за живот

    Дванаесет холандски лекари се во шестнеделен карантин поради контакт со телесни течности од пациент заразен со хантавирус од крузерот. Болницата соопшти дека ризикот е низок, но мерката е превентивна. Во Париз, Французинката заразена со вирусот е во критична состојба и на респиратор.

  • Свет 13.05.2026 09:52

    Продолжуваат борбите на фронтот во Украина

    Крајот на војната во Украина е многу близу-тврди Трамп додавајќи дека нема договор со Путин Русија да го задржи Донбас во евентуален мировен договор.

    „Крајот на војната во Украина, навистина мислам дека е многу близу“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

  • Свет 13.05.2026 08:15

    Трамп во Пекинг на разговори со Џјинпинг

    Американскиот претседател Трамп во посета на Пекинг на разговори со кинескиот колега Џјинпинг. Вашингтон очекува продолжување на трговското примирје и намалување на тензиите околу царините и извозните ограничувања, додека на агендата се и Тајван и глобалната безбедност.

  • Свет 12.05.2026 19:58

    Расте бројот на потврдени случаи со хантавирусот

    Сите патници го напуштија холандскиот крузер закотвен на Тенерифе погоден од хантавирус. Од светската здравствена организација смируваат дека ризикот останува низок, но не ја исклучуваат можноста да има дополнителни позитивни случаи во наредните недели.

  • Свет 12.05.2026 19:16

    Бомбашки напад на пазар во северозападен Пакистан

    Најмалку девет лица загинаа, десетици се повредени во бомбашки напад на пазар во северозападен Пакистан. Експлозивната направа била поставена на трицикл во округот Лаки Марват.

  • Свет 12.05.2026 16:00

    Расте притисокот врз британскиот премиер Стармер по изборниот пораз

    Расте притисокот врз британскиот премиер Стармер по изборниот пораз на Лабуристите. Се повеќе министри и пратеници повикуваат на негова оставка. Десетици лабуристички пратеници вчера јавно ја повлекоа поддршката.

  • Свет 12.05.2026 11:16

    Примирјето меѓу САД и Иран „виси на конец“

    Се намалуваат надежите за мировен договор на Блискиот Исток. Американскиот претседател вели дека прекинот на огнот со Иран се одржува во живот откако Техеран го отфрли предлогот на САД за крај на војната и се држеше до листата барања за кои Трамп рече дека се неприфатливи.

  • Свет 12.05.2026 10:56

    Писториус: Путин се обидува да не убеди дека сака мир

    Германскиот министер за одбрана за време на посетата во Киев рече дека не е убеден од желбата на Русија за мир, додавајќи дека претседателот Путин би можел веднаш да ја заврши војната со тоа што ќе се согласи на преговори без предуслови.

Pages