Уставниот суд на Франција го одобри покачувањето на старосната граница за одење во пензија од 62 на 64 години и го отфрли повикот на политичката опозиција за референдум по ова прашање. Судот, сепак, утврди дека некои од реформите имаат правни недостатоци.
-
Свет 14.04.2023 21:20
-
Свет 14.04.2023 12:37
Продолжуваат жестоките борби за Бахмут и Маринка
Продолжуваат жестоките борби за Бахмут и Маринка. Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека и покрај големите загуби, руските трупи продолжуваат со обидите да напредуваат на четири линии на фронтот – кај Лиман, Бахмут, Авдијивка и Маринка.
-
Свет 14.04.2023 11:42
Нови протести во Франција против пензиската реформа
Француските синдикати повторно повикаа на штрајкови и протести ширум земјата против постепеното зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Обвинуваат дека на грбот на народот, владата сака да ја затвори финансиската дупка која ја направила во пензискиот фонд.
-
Свет 14.04.2023 09:52
Откриена најголемата лабораторија за кокаин
Шпанската полиција ја откри најголемата лабораторија за производство на кокаин во Европа.
Објектот бил управуван од дилери на дрога од Мексико и Колумбија. Уапсени се вкупно 18 лица, меѓу кои и многу Јужноамериканци.
Операцијата почнала минатиот октомври.
-
Свет 14.04.2023 09:52
Северна Кореја очигледно тестирала ракета со цврсто гориво
Северна Кореја го проширува својот ракетен арсенал. Пјонгјанг објави дека при вчерашното лансирање за првпат бил тестиран проектил со погон на цврсто гориво.
-
Свет 14.04.2023 09:52
Устенко: Унгарија преку договорите со Русија ја спонзорира војната во Украина
Олех Устенко, економскиот советник на претседателот на Украина, рече дека низата договори кои ја зајакнуваат енергетската соработка на Унгарија со Русија ја продолжуваат агресијата врз Украина.
-
Свет 14.04.2023 09:49
Тешеира со месеци онлајн споделувал доверливи документи
Младиот припадник на националната воздухопловна гарда Џек Тешеира ќе се појави во судот во Бостон во врска со протекувањето доверливи воени и разузнавачки документи.
-
Свет 13.04.2023 19:33
Земјотрес со интензитет од 6 степени по Рихтер ја погоди Канада
Земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на канадската покраина Британска Колумбија, соопшти Американскиот геолошки институт.
-
Свет 13.04.2023 17:11
Јапонија и САД спроведоа заеднички воздушни воени вежби
Јапонските и американските воздухопловни сили на заедничка вежба над Јапонско море откако Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета.
-
Свет 13.04.2023 17:10
Поради добиена лажна бомба беше евакуиран Парламентот на Холандија
Евакуиран парламентот на Холандија поради закана за бомба. Полицијата утврдила дека била лажна. Антиисламскиот пратеник Герт Вилдерс верува дека била наменета за него.










