• Свет 13.04.2023 17:10

    Поради добиена лажна бомба беше евакуиран Парламентот на Холандија

    Евакуиран парламентот на Холандија поради закана за бомба. Полицијата утврдила дека била лажна. Антиисламскиот пратеник Герт Вилдерс верува дека била наменета за него.

  • Свет 13.04.2023 15:00

    Нови протести низ Франција против пензиската реформа

    Париз повторно во пламен. Се зголемува револтот против пензиската реформа во Франција. Синдикатите на штрајк пред клучната одлука за Предлог-законот на Уставниот совет кој треба утре да се произнесе за ова прашање кое предизвика масовни, и насилни демонстрации.

  • Свет 13.04.2023 14:02

    Песков: Црното Море никогаш нема да стане „море на НАТО“

    Од Црноморската безбедносна конференција во Букурешт, Киев апелираше сите нации во регионот да развијат сеопфатна безбедносна мрежа. Шефот на украинската дипломатија повика Црното Море да се претвори во „НАТО море“, истовремено наведувајќи дека е неопходна негова демилитаризација.

  • Свет 13.04.2023 13:07

    На украинскиот фронт битки, САД со нови санкции за Русија

    Украинското МНР повикува на одлучен чекор напред на патот кон членството на Украина во НАТО. Од Црноморската безбедносна конференција што се одржува во рамките на Меѓународната платформа за Крим во Букурешт, Романија, Киев ги повика сите нации во регионот да развијат сеопфатна безбедносна мрежа.

  • Свет 13.04.2023 12:35

    Северна Кореја истрела проектил кој можеби е нов тип на оружје

    Северна Кореја изведе прво лансирање интерконтинентална балистичка ракета за еден месец, веројатно тестирајќи нова ракета, потешка за откривање. Со ова лансирање, Северна Кореја ја продолжува серијата провокативни ракетни тестови.

  • Свет 13.04.2023 10:12

    Нови протести во Франција против пензиската реформ

    Француските синдикати, повторно повикаа на протести ширум земјата против пензиските реформи на претседателот Макрон. Според проценките се очекуваат околу 600.000 лица. Ќе се ангажираат над 11.000 полицајци, од кои 4.200 ќе бидат во Париз.

  • Свет 13.04.2023 09:51

    Земјотрес во Албанија

    Синоќа во Албанија бил регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на 21 километар североисточно од Елбасан, на длабочина од 1 километар.
     
    Земјотресот е почувствуван и во Дебар, Охрид и Кичево на.
  • Свет 13.04.2023 09:45

    САД: Шефот на ОН премногу ѝ удоволува на Русија

    Генералниот секретар на Обединетите нации Гутереш премногу и удоволува на Русија, сметаат САД според протечените тајни документи од Пентагон.

    Документите откриваат дека американската Влада верува оти Гутереш е „премногу“ подготвен да ги прифати руските интереси.

  • Свет 13.04.2023 09:37

    Бугарскиот парламент не успеа да избере свој претседател

    Нов обид бугарското Народно Собрание да избере не претседател. Парламентарните партии не можат да се усогласат кој да раководи со законодавниот дом, на вчерашната конститутивна седница, ниту еден од двајцата кандидати не успеа да го добие потребното мнозинство.

  • Свет 13.04.2023 09:34

    Трамп го тужи својот својот поранешен адвокат Мајкл Коен

    Поранешниот американски претседател Трамп го тужи својот поранешен адвокат, Мајкл Коен, за над 500 милиони долари, под обвинение за прекршување на односот меѓу адвокат и клиент, неоправдано збогатување и други работи.

Pages