Лицето одговорно за објавувањето на доверливите американски документи, што ја поттикна истрагата, е 20-годишен љубител на оружје.
Тој работел во воена база, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на членови на социјалната мрежа Дискорд.
Лицето одговорно за објавувањето на доверливите американски документи, што ја поттикна истрагата, е 20-годишен љубител на оружје.
Тој работел во воена база, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на членови на социјалната мрежа Дискорд.
Бугарското народно собрание не успеа да избере претседател на денешната конститутивна седница. Двајцата предложени кандидати за спикер, Росен Жељазков од ГЕРБ и Петар Петров од Преродба, не го добија потребниот број гласови за да бидат избрани за оваа функција.
Американскиот претседател е во историска четиридневна посета на Северна и Република Ирска. Од центарот на Белфаст вети трајна поддршка и ги повика сите партии да се вратат на работа и да го надминат политичкиот ќорсокак.
Спречен обид за напад врз францускиот претседател во Амстердам. Полицијата совлада и приведе демонстрант, кој трчал кон францускиот претседател и почнал да вика.
Русија пробно лансираше интерконтинентална балистичка ракета, откако го суспендираше учеството во договорот за нуклеарно разоружување со Американците. Според Пентагон Русија ги известила САД за планираниот тест.
Заклетва на новоизбраните пратеници во Народното собрание на Бугарија, на свечена седница со која се отвора новиот парламентарен состав. Парламентот ќе има 58 жени и 182 мажи.
Скандалот со објавените тајни документи на Пентагон во фокусот на американската влада. Министерството за правда спроведува кривична истрага за објавените тајни информации во кои, меѓу другото, се наведени детали за украинската војна, но и прислушување на сојузниците.
Бахмут и натаму во фокусот на руско-украинскиот конфликт. Москва тврди дека контролира 80 проценти од градот, а Киев демантира. Украина бара од сојузниците дополнителни средства за борба.
„Последните вежби во Тајванскиот теснец се сериозни предупредувања за растечките провокации против суверенитетот“, изјави Владата во Тајпеј. Според нив, Кина којашто одржа тридневни воени маневри не покажувала одговорност.
Ерменија и Азербејџан со меѓусебни обвинувања за отворање оган врз спорниот регион Нагорно-Карабах во најновиот судир во кој загинаа седум војници.