• Свет 17.04.2023 20:28

    Воена вежба на САД, Јапонија и Јужна Кореја

    Сад, Јужна Кореја и Јапонија воена вежба за противракетна одбрана во Јапонско Море. Целта е да се зголеми координацијата поради провокативните акции на Северна Кореја, како минатонеделното лансирање сомнителна интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво.

  • Свет 17.04.2023 14:27

    Во борбите во Судан загинаа тројца хуманитарни работници

    Крвава борба за превласт меѓу суданската армија и Силите за брза поддршка (РСФ). Продолжуваат вооружените пресметки низ улиците на Картум. Стотина луѓе загинаа, меѓу кои и тројца хуманитарни работници на ОН. Светската програма за храна ја суспендира помошта.

  • Свет 17.04.2023 14:01

    Пукање на тинејџерска роденденска забава во Алабама, има жртви

    Тага и неверување во американската сојузна држава Алабама, каде вооружен напаѓач викендов отвори оган на роденденска забава на тинејџер во студио за танц во малиот град Дејдвил. Четворица загинаа, а околу 30 луѓе се повредени, некои критично. Жртвите се млади луѓе.

  • Свет 17.04.2023 09:56

    САД: Пукање на роденденска забава, има жртви

    Четири лица загинаа, а дваесетина се повредени на тинејџерска роденденска забава во студио за танц во Дејдвил, Алабама.

    Првата идентификувана жртва е братот на славеничката, Фил Додел, локален фудбалер кој загина во пукотниците, кои според полицијата, почнале по физичка пресметка.

  • Свет 17.04.2023 09:53

    Самит на Г7

    Шефовите на дипломатиите на седумте најразвиени земји се обврзаа да ја спречат Русија да ги избегнува економските санкции и да ја запрат доставата на оружје за Москва преку трети земји.

  • Свет 17.04.2023 09:50

    Лиман, Бахмут и Маринка жаришта на фронтот

    Лиман, Бахмут и Маринка во Доњецка област во фокусот на руско-украинскиот конфликт. Рускиот претседател Путин се сретна со кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу и ја потврди билатералната соработка во областа на одбраната.

  • Свет 17.04.2023 09:40

    Продолжуваат борбите во Судан

    Продолжуваат вооружените пресметки меѓу војската и паравојската во Судан. Во борбите загинаа речиси стотина луѓе, меѓу кои и тројца хуманитарни работници на ОН. Светската програма за храна на ОН ја суспендира помошта.

  • Свет 16.04.2023 20:30

    Масовни пукотници во Алабама и во Кентаки

    Ново масовно пукање во САД. Четворица загинаа, уште неколку се повредени откако бил отворен оган на роденденска забава на тинејџери во Алабама. Најголем дел од жртвите се тинејџери.

  • Свет 16.04.2023 14:54

    Во Судан жртви во вооружените судири меѓу армијата и паравојската

    Цивилни и воени жртви во вооружените судири меѓу суданската армија и Силите за брза поддршка (РСФ) во градот Омдурман кои се борат за власт, додека политички фракции преговараат за формирање преодна влада по воениот удар во 2021 година.

  • Свет 16.04.2023 13:06

    Политичар убиен во телевизиски пренос

    Атик Ахмед, поранешен индиски политичар, и неговиот брат Ашраф беа убиени за време на пренос во живо додека даваа изјави за медиумите, и пред толпата полицајци, кои ги придружуваа. Тројцата осомничени кои се претставиле како новинари, се предале и се приведени.

Pages