Од полноќ, малопродажните цени на бензините повисоки за еден денар. Еуросупер БС-95 ќе чини 67, додека 98-цата 69 денари за литар. Еуродизелот поскапува за половина денар и ќе изнесува 58,5 денари.
-
Економија 24.02.2020 12:32
-
Економија 24.02.2020 10:15
Самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон
Премиерот Спасовски ја предводи владината делегација на инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој за Западен Балкан, што се одржува во Лондон.
-
Економија 21.02.2020 16:02
Странските инвеститори со месеци чекаат работни визи за нивните експерти
Странските инвеститори со месеци чекаат работни визи за своите експерски тимови и високостручен кадар што го носат во земјава. Бизнис- еснафот реагира, дел од нив се случува да бидат и одбиени, најчесто со одговор дека таков кадровски потенцијал има во земјава.
-
Економија 21.02.2020 11:30
ФИТР: Продолжен рокот за аплицирање на јавниот повик за старт-ап и спин-оф компании
Поради зголемениот интерес, особено од студенти и млади од целата држава, рокот за аплицирање за јавниот повик за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф, е продолжен за дваесет дена односно до 15-ти март 2020 година, соопштуваат од Фондот за иновации и технолош
-
Економија 20.02.2020 15:44
Јавниот долг годинава над 6 милијарди евра
Јавниот долг е стабилен и тој изнесува 48,9 проценти или 5,54 милијарди евра, велат од Министерството за финансии. Се очекува до крајот на годинава да се зголеми за уште 600 милиони.Ресорната министерка Ангеловска ја претстави новата алатка со која треба да се зголеми транспарентноста.
-
Економија 20.02.2020 13:20
Нова платформа за јавниот долг
Од денес граѓаните имаат можност да се информираат за јавниот долг преку новата алатка за транспарентност javendolg.open.finance.gov.mk, која ја изработи Министерството за финансии со поддршка на ИРИ и УСАИД.
-
Економија 20.02.2020 12:35
Објавен оглас за инвеститор за ХЕЦ Чебрен
ЕСМ објави меѓународен јавен повик за јавно- приватно партнерство за изградба на хидроцентралата Чебрен. Изградбата според планот треба да чини над 570 милиони евра. Концесијата за вода ќе биде 60 години.
-
Економија 19.02.2020 14:39
Стопанска комора: Државата мора да дефинира нова визија и приоритети
Економските политики даваат резултати, но е потребна поконкурентна економија, посилни извозни капацитети, државата да изгради нова визија, да ги дефинира приоритетите, бара бизнис- еснафот од Стопанската комора.
-
Економија 19.02.2020 10:12
Финансиска помош за млади земјоделци
Секој млад земјоделец кој почнува сопствен бизнис и кој е запишан во Единствениот регистар на земјоделски стопанства има право на финансиска поддршка до 20.000 евра.
По одобрување на барањето, парите ќе се добиваат на најмногу три рати.
-
Економија 18.02.2020 15:56
Коронавирусот се заканува на туризмот
Кинеските туристи ги откажаа аранжманите во земјава. Туроператорите најавиле- поради коронавирусот до април ги повлекуваат пакет- програмите и договорите со сместувачките капацитети. Надлежните пак убедуваат, македонскиот туризам нема да биде значително погоден, нивниот удел не е на високо ниво.





