Двајца питомци од воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ годинава еден семестар ќе студираат на „Норвич“, најстариот воен универзитет во САД. Во наредниот период се очекува и студенти од престижниот универзитет да престојуваат во државава.
Вести
-
Македонија 11.01.2016 12:42
-
Свет 11.01.2016 12:16
Tурција планира да воведе работни визи за сириските бегалци
Турција планира да започне со издавање на работни визи на сириските бегалци, со што би се намалил нивниот притисок за заминување во европските земји, соопшти денеска тускиот министер за европски прашања Волкан Бозкир.
-
Свет 11.01.2016 11:47
Рамади: Ирачките сили евакуирале 635 цивили
Ирачките сили евакуирале 635 цивили од Рамади, град кој пред две недели го ослободија од екстремистите на Исламска Држава.
-
Македонија 11.01.2016 11:42
Eвропратениците Вајгл, Ховит и Кукан во Скопје
Членовите на Европскиот парламент Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои посредуваа во напорите за постигнување на договорот од Пржино, денеска ќе ја посетат Македонија.
Европратениците се очекува да одржат одвоени средби со лидерите на политичките партии потписници на договорот.
-
Свет 11.01.2016 11:40
Јемен: 4 жртви во напад врз болница на лекари без граници
Најмалку четири лица загинаа, а десетина се ранети во ракетен напад врз болница на хуманитарната организација „лекари без граници“ во северен Јемен.
-
Економија 11.01.2016 11:34
Се стабилизира берзанската цена на суровата нафта
Прекумерната понуда и слабата побарувачка, ја стабилизираа берзанската цена на суровата нафта на ниво од 34 долари за барел. Лондонската затвори со 33,84, а слично ниво од 33,27 беше забележано и во САД.
-
Македонија 11.01.2016 11:26
МВР: За 24 часа издадени 830 потврди за азил
Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 830 странски државјани, од кои 376 се од машки пол, 169 се од женски и 285 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.
-
Македонија 11.01.2016 10:44
Седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници треба да одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за прашања на изборите и именувањата.
-
Македонија 11.01.2016 10:42
На „Ало докторе“ за една недела 1.386 повици
На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 4 јануари до 10 јануари) имало 1.386 повици.
-
Свет 11.01.2016 10:27
Мицотакис нов лидер на Нова демократија
Синот на поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис и братот на некогашната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, Кирјакос Мицотакис вчера е избран за нов лидер на опозициската конзервативна партија Нова демократија.










