Болницата за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ отвора ново поглавје во својата историја. По 50 години, Градската болница во центарот на Скопје конечно ќе се реновира по сите европски стандарди.
Вести
-
Македонија 13.07.2015 16:17
-
Економија 13.07.2015 16:04
Зголемен бројот на туристи во мај за 7,4 проценти
Бројот на туристи во мај е зголемен за 7,4 проценти во споредба со тој месец минатата година, а бројот на ноќевањата е намален за 0,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. -
Македонија 13.07.2015 15:54
Телесниот хендикеп не е пречка за среќно семејство
Судбината се обидела да си поигра со нивниот живот. Тие не дозволиле телесниот хендикеп да ги запре, живеат среќни. 10- годишната Марија и малиот Стефан им се водилка низ животот. Маја боледува од ревматоиден артритис, а Бобан има вроден проблем, едната нога покуса.
-
Македонија 13.07.2015 15:19
Во „Југохром“ уништено запленето оружје и дрога
Во „Југохром“ во Јегуновце е уништена поголемо количество оружје, одземено во постапки што се веќе завршени со правосилна судска пресуда.
-
Свет 13.07.2015 15:12
Наркобосот Дарко Шариќ осуден на 20 години затвор
Судот во Србија му изрече казна затвор во траење од 20 години на наркобосот Дарко Шариќ. Наркобосот е обвинет за криумчарење на 5,7 тони кокаин од Латинска Америка во западна Европа.
-
Македонија 13.07.2015 15:04
Нуланд: Сега е време кризата да заврши
Зачленувањето во НАТО и приемот во Европската унија, надминување на спорот со името, но и завршување на политичката криза во земјава биле темите за кои разговарале премиерот Никола Груевски и заменикот дрржавен секретар на Стејт департментот Викторија Нуланд.
-
Македонија 13.07.2015 14:38
Хан утре доаѓа во Македонија придружуван од Вајгел, Ховит и Кукан
Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан утре доаѓа во Скoпје. Ќе го придружуваат и европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, со цел да се постигне одржлив договор за надминување на политичката криза во земјава.
-
Македонија 13.07.2015 13:57
Доделени нови 54 решенија за легализација во Гази Баба
Општина Гази Баба денеска додели 54 решенија за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти на физички и правни лица, со што вкупниот број доделени решенија изнесува 5.584 од околу 16.000 поднесени барања за легализација од страна на граѓаните.
-
Македонија 13.07.2015 13:49
Јолевски - Фаркаш: Потврдени добрите билатерални односи
Министерот за одбрана, Зоран Јолевски оствари средба со заменик-помошникот секретар за одбрана на САД, Евелин Фаркаш. На средбата потврдени добрите билатерални односи меѓу двете држави, што се темелат на договорот за стратегиско партнерство од 2008-та година.
-
Култура 13.07.2015 13:13
Грандиозен старт на „Охридско лето“
Охрид светна во полн сјај. На Петровден, повторно центар на светската уметност. „Кармина Бурана“ на Карл Орф во изведба на познатиот шпански ансамбл „Ла Фура Дел Баус“ го отвори 55-то јубилејно „Охридско лето“.










