Инфраструктурниот бум продолжува и годинава. Се гради 250 километри патна мрежа. Новите автопати се од големо значење не само за економијата туку и за туризмот. Ангажирани се 2.500 градежни работници. Интензивно се работи на автопатот Кичево- Охрид. Пробиени се над 35 проценти од трасата.
Вести
-
Економија 15.06.2015 11:29
-
Македонија 15.06.2015 11:06
Ќе се воведува месечен зелен картон
Покрај едногодишниот, од сега граѓаните ќе можат да си купат и едномесечен зелен картон. Премиерот Груевски објави дека владата подготвува измени во регулативата пред почетокот на туристичката сезона.
-
Македонија 15.06.2015 10:03
Македонија во жолта фаза
Целата територија на Република Македонија од денеска ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза. -
Македонија 15.06.2015 10:01
Матурантите полагаат втор предмет од државната матура
Во сите средни училишта се полага вториот странски јазик од државната матура. Најголем број од матурантите имаат избрано англиски јазик. Бројот на кандидатите што се пријавиле да ги полагаат останатите предмети е многу помал.
-
Свет 15.06.2015 09:53
Расте бројот на заболени од МЕРС во Јужна Кореја
Пет нови случаи на заболени и еден починат од респираторниот вирус МЕРС во Јужна Кореја. Бројот на починати се искачи на 16, додека 150 луѓе се заболени.
Министерството за здравство, соопшти дека епидемијата нема голем прогрес, но очекуваат уште заболени.
-
Македонија 15.06.2015 09:50
Македонија домаќин на министерски состанок на ЦЕИ
Македонија како земја претседавач со Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) денеска во Охрид ќе биде домаќин на Министерскиот состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на ЦЕИ. -
Македонија 15.06.2015 09:46
Цената на македонската пченица иста како на светските берзи
Наскоро треба да почне жетвата на пченицата, и се очекуваат помали количества бидејќи поради неповолните климатски услови е засеана на 70.000, односно за 30.000 хектари помалку.
-
Македонија 12.06.2015 17:02
Висок степен на УВ зрачење- лекарите со препораки
Четири карциноми на кожа за неполн месец дијагностицирала доктор Сузана Камберова. Ваквата состојба се поврзува со високото ниво на УВ зрачење.
-
Свет 12.06.2015 16:40
Грција во ќорсокак, преговорите со кредиторите стопирани
Грција во ќорсокак- преговарачкиот тим на Меѓунардниот монетарен фонд ги напушти бриселските разговори со тим од Атина. Се врати во Вашингтон со оценка дека двете страни „се многу далеку од договор“.
-
Македонија 12.06.2015 16:32
„Водовод“ со нови услуги
Првите дванаесет терминали за брзо плаќање се веќе инсталирани по трговските центри и маркетите. Во наредниот период Водовод планира уште 18. Се зголемува бројот на корисниците во електронскиот систем сепак пред шалтерите гужви, сликата е иста речиси секој ден.










