Вести
-
Македонија 19.03.2015 15:36
Попоски во Виена на Конференција за борба против џихадизмот
Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре во Виена ќе учествува на конференцијата посветена на „Борбата против џихадизмот-обликување на политика за превенција и реакција“. -
Економија 19.03.2015 15:32
Нова инвестиција во Прилеп
Италијанска компанија „Buzzi & Buzzi“, која произведува расветни тела ќе инвестира во Прилеп. Претставници на компанијата денеска го посетија Прилеп и оставарија работна средба со градоначалникот Марјан Ристески.
-
Свет 19.03.2015 14:48
Престрелка во Гетеборг- две лица загинаа, десетмина повредени
Пукотници и пискотници синоќа го вознемирија шведскиот град Гетеборг. Двајца вооружени мажи влегле во ресторан и почнале да пукаат. Две лица се убиени, а десетмина се повредени.
-
Свет 19.03.2015 14:26
Убиен лидерот на милитантната група Ал Шабаб
Американското министерство за одбрана потврди дека е убиен лидерот на милитантната исламистичка група Ал Шабаб, Адан Герар.
Тој бил убиен во текот на нападот извршен во близина на градот Динсор во Јужна Сомалија, на околу 240 километри од главниот град Могадишу.
-
Свет 19.03.2015 14:23
Двајца загинати во престрелка во Гетеборг
Најмалку две лица загинале, а осуммина се ранети доцна синоќа кога двајца вооружени мажи отвориле оган во ресторан во шведскиот град Гетеборг.
-
Македонија 19.03.2015 14:10
Иванов се сретна со Орав, Бејли и претставници на НАТО и ОБСЕ
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ги прими Џес Бејли, амбасадор на САД, Аиво Орав, шеф на делегацијата на Европската унија, Мариан Берц, претставник на мисијата на ОБСЕ и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, капетан Румен Радев.
-
Македонија 19.03.2015 13:54
Утре почнува пролетта, Месечината ќе го затемни Сонцето
Утре почнува пролетта, а според најавите од астрономите ќе се случи и затемнување на сонцето. Во Европа затемнувањето ќе биде делумно, а на Фарските и Савалските острови ќе биде целосно.
-
Македонија 19.03.2015 13:49
Презентиран извештајот за следење на ризиците од корупција и организиран криминал
Македонскиот центар за меѓународна соработка го презентира извештајот за следење на ризиците од корупција и организиран криминал во државава. Претставени и три пократки документи за јавни политики посветени на студии на случај со корупција и криминал.
-
Економија 19.03.2015 13:43
Економската соработка меѓу Македонија и Турција расте- постои потенцијал за настап на трети пазари
Економската размена меѓу Македонија и Турција постојано расте. Само лани е зголемена за над 14 проценти и достигна 441 милион долари. Според бизнисмените, во тоа помогнале и 4-те бизнис форуми што се одржаа во Македонија.
-
Македонија 19.03.2015 13:37
Можност за 1.000 невработени лица преку обука кај познат работодавач
Невработените лица и приватните компании од утре ќе можат да се пријавуваат на јавниот повик на Министерството за труд и социјална политика и на Агенцијата за вработување, за новата мерка - обука кај познат работодавач.









