Заминува првата група 100-тина вработени од прилепскиот Тутунски комбинат со отпремнини. Во пет групи до 24-ти март компанијата треба да ја напуштат 535 работници. Тие заминуваат со пакети до 15.000 евра.
Вести
-
Економија 27.02.2015 16:15
-
Македонија 27.02.2015 15:50
Одбележан меѓународниот ден на ретки болести
Често останува без воздух, чувствува срцева слабост и несвестица. Болеста се дијагностицира како Астма или ХОП. Ѓурѓица Ќаева има ретка болест. Како неа имало уште 7 други пациенти. Тројца починале. Дневно издвојува 1.000 денари за лекот кој треба да го пие секој ден.
-
Македонија 27.02.2015 15:45
21 година врвен професионализам на Полкот за специјални операции
Ирак, Авганистан, Либан, Босна, се дел од десетиците мисии на калењето на елитната единица за специјални операции на македонската армија.
-
Македонија 27.02.2015 15:24
На југоистокот сеуште страв од поплави, се очекува помош за санација на штетите
Поплавениот Југоисток се уште живее во готовс од евентуално нови поплави. Вреќите покрај куќите и пластениците не ги тргаат од страв дека надојдени води може повторно да им направат хаос и да им предизвикаат големи штети.
-
Економија 27.02.2015 15:18
Од бакарната руда во Казандол ќе се произведуваат финални производи
За 4 години од бакарната руда во Казандол, Валандовско ќе се произведуваат финални производи, бакарни жици и кабли. Англиско украинската компанија „Сардич МЦ“ најави амбициозна инвестициска програма која предвидува вложување 250 милиони евра и изградба на рудник и неколку фабрики.
-
Македонија 27.02.2015 14:58
Метео
Првиот ден од викендот ќе ни донесе претежно облачно и релативно топло време со слаб локален дожд особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намалува, ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец.
-
Свет 27.02.2015 14:50
Состојбата во Украина тема на средбата меѓу Кери и Лавров во Женева
Средба на шефот на руската дипломатија Лавров и американскиот државен секретар Кери, в понеделник во Женева. Состојбата во Украина ќе биде главна тема на разговорите, соопшти потпаролот на Стејт департментот, Џејн Псаки.
-
Свет 27.02.2015 14:38
Протести во Грција против Владата на Ципрас
Повеќе од 500 демонстранти синоќа излегоа на протести против владата на премиерот Алексис Ципрас. За време на демонстрациите дошло до судир со полицијата, при што биле запалени неколку автомобили и автобуска станица.
-
Македонија 27.02.2015 14:32
Адеми: Разговорите со СОНК во добра насока
Преговорите меѓу Синдикатот за образование и наука и МОН продолжуваат и добро напредуваат, изјави денеска министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми. Според него социјалниот дијалог тече по утврдената динамика, но не сакаше да прецизира детали додека преговорите траат.
-
Економија 27.02.2015 14:25
Груевски: Американска автомобилска компанија ќе гради фабрика и ќе вработи 2.500 лица
Американска компанија од автомобилската индустрија не извести дека донеле одлука за градба на нова фабрика која ќе биде лоцирана во поголем град во северозападна Македонија и во која ќе се вработат 2.000 до 2.500 лица, изјави денеска премиерот Никола Груевски.










