Со пораки за мир и сожителство, со желби за успешна година и среќни празници, митрополитот тетовско – гостиварски г. Јосиф ја дочека градоначалничката на Тетово Теута Арифи во седиштето на оваа епархија.
Вести
-
Македонија 03.01.2014 15:02
-
Македонија 03.01.2014 14:45
Телото е на Маја Блажеска
СВР Охрид и официјално потврди дека безживотното тело, кое беше пронајдено од полицијата во планинскиот појас над селото Велмеј, кај месноста Натнасер Бачила, е на 14-годишната Маја Блажеска,која исчезна на 12-ти ноември минатата година.
-
Економија 03.01.2014 14:38
Солени цени на пазарите
Трпезата полна колку и паричникот. Граѓаните внимателно избираат што ќе купат за божиќната трпеза . Солени се цените пред празниците - 120 денари за килограм костени со тенденција цената уште да оди нагоре, околу 150 за ореви, портокалите се 40 денари , мандарините 50. Најевтина е тиквата.
-
Македонија 03.01.2014 14:32
Инвестициски бум во автомобилскиот сектор
Македонија станува „Мека“ за инвестирање во автомобилскиот бизнис. Осум познати светски компании влегоа со гринфилд инвестиции . Седум успешно го етаблираа бизнисот со производство на автокомпоненти во индустриските зони. Уште три од Германија и од САД најавија , ќе градат фабрики .
-
Свет 03.01.2014 14:21
Нов бран бегалци кон ЕУ
Во близина на островот Лампедуза, италијанската морнарица и крајбрежната стража спасија повеќе од илјада емигранти во последните 24 часа.
Бегалците биле во 4 пренатрупани бродови и се воглавно од Египет, Тунис и Пакистан.
-
Македонија 03.01.2014 14:10
Осуда на насилството врз Итна
Лекарската комора на Македонија најостро го осуди нападот врз здравствените работници од Итната медицинска помош што се случи 20 –тина минути пред 2014-та.
-
Македонија 03.01.2014 13:14
Полицијата потврди-телото е на 14-годишната Маја
Охридската полиција потврди дека телото пронајдено вчера од увидната екипа на СВР Охрид во атарот на село Велмеј, охридско е на четиринаесет-годишното девојче Маја Блажеска од село Лешани кое исчезна лани 12-ти ноември .
-
Свет 03.01.2014 10:25
100 милиони Американци заглавени во снежна бура
Уште едно силно снежно невреме ги погоди североистокот на САД и Канада, уште неотстранети последиците од предновогодишното. Силните снежни врнежи што се движеа од средниот исток во градот Боксфорд во Масачусетс натрупаа рекордни 53 сантиметри.
-
Македонија 02.01.2014 23:58
Премиерот Груевски во „Опуштено“ со Тони и Део
Премиерот во „Опуштено“, зборуваше за детството во Мичурин, Ѓорче Петров и Капиштец. Од детството ги памети безгрижни игри на улица, смеата, тепачките, пренесува Нетпрес. -
Македонија 02.01.2014 17:08
Кои се најуспешните Струмичани?
Париз, Минхен, Герлиц, Рига и Пиран се местата од каде седумгодишната пијанистка Ивана Мазнејкова го комплетираше победничкиот поход низ Европа во 2013-та. Овој неверојатен музички талент го препознаваат и оркестрите во Хелсинки и Венеција кои во 2014 планираат заеднички настап.






